Популарната стриминг платформа Netflix објавни нова реклама со која на еден хумористичен и фантастичен начин илустрира дека нивниот репертоар на филмови и серии претставува краток пресек на светот.
Спотот отпочнува со сцена на еден вселенски брод каде некој вонземјанин прегледува различни снимки од животот на планетата Земја. Вонземјанинот делува прилично нервозен, како да се спрема за инвазија. Меѓутоа, тогаш наидува на Netflix.
Прегледувајќи сцени од различни филмови и серии на Netflix, вклучувајќи ги La casa de papel, Bridgerton, The Queen’s Gambit, Stranger Things и My Octopus Teacher, на вонземјанинот му се приклучуваат и останатите членови на вселенскиот екипаж.
Тие се соживуваат со приказните кои ги гледаат – танцувајќи, смеејќи се, плачејќи… по што нивното ресположение и однос спрема Земјата и Земјаните целосно се менува, веројатно оставајќи нé сите нас да поживееме уште малку. :)
Спотот завршува со пораката – „Приказните на светот се наоѓаат на Netflix“.
Рекламата е создадена со помош на продукциското студио The Mill.