Според податоците на Државниот завод за статистика за просечно исплатените плати во Република Македонија, вработените во секторот маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот се најплатени во државава со просечна нето плата од 45 051 денар.
Сепак оваа просечна плата (732 евра) за маркетинг индустријата во Македонија е многу далеку од европскиот просек каде примањата во поразвиените земји на месечно ниво се движат во просек околу 3 140 евра. Во Велика Британија на пример, просечната плата за позицијата маркетинг директор изнесува 6 123 фунти.
Според истиот извештај на ДЗС на Македонија просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во државава во јануари годинава изнесувала 22.254 денари, или 361 евро. Ова е за 2 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.
После вработените во маркетинг, кај нас, со надпросечни примања се истакнуваат и вработените во воздухопловниот транспорт (просечна плата од 43,851 денар), финансискиот сектор (42,478) и компјутерските програмери (41, 120 денари).
На овој ЛИНК можете да ја погледнете табелата со просечните нето плати за Јануари 2016 година по области.