На 12-тата PRO.PR церемонија која викендов се оддржа во Сараево, беа врачени и пригодните PRO.PR Awards 2014 за особени достигнувања во ПР професијата.
Даниел Колетиќ, претседателот на Организацискиот одбор на PRO.PR конференцијата на пригодната церемонија изјави: “PRO.PR наградите ги востановивме за да оддадеме признание, а што е уште поважно, за да не ги заборавиме поединците кои придонесоа за развој на струката за односи со јавноста и кои секојдневно практично управуваат со комуникациите. За доделување на наградите го избравме Сараево каде годинава се одбележуваат 30 години од Зимските Олимписки игри. А Олимписките игри, баш како и PRO.PR, се специфични по тоа што ги поврзуваат луѓето во движење“
Како што претходно информиравме, добитник на PRO.PR наградата од Македонија е Емилија Зографска од телекомуникацискиот оператор ONE.
По повод добивањето на ова признание, Емилија Зографска за Маркетинг365 изјави : “Чест е да се биде носител на оваа награда особено што доаѓа од професионалци во фелата. Иако е лична сепак е колективна бидејќи единствено тимската работа во ОНЕ е гаранција за успех. Продолжувам со уште поголема одговорност и заложба за унапредување на професијата”
Останати овогодишни добитници на PRO.PR Awards се и :
Betϋl Mardin (Турција),
Andrey Barannikov (Русија),
George Ellis (Белгија),
Cormac Smith (Обединето Кралство),
Tamara Valenčič (SIMOBIL) и Mojca Beljan (Општина Копер) од Словенија;
Olivera Međugorac (Nestle Adriatic), Sandro Baričević(Coca- Cola) и Anja Linić (Agrokor) од Хрватска;
Edo Numić (Violeta), Mirna Šoja (Министерство за внатрешни работи на Република Српска) and Dunja Mijatović (OSCE) од БиХ.
Žana Ranković (Sava осигурување) и Maja Šotra (Philip Morris) од Србија и
Jovanka Radović (Montenegrin Telecom) од Црна Гора.