Германскиот производител на автомобили BMW е целосно убеден во електричната иднина.
Со цел да го демонстрира тоа, брендот лансираше нова принт кампања за колумбискиот пазар која прикажува вистински фотографии од напуштени бензински станици кои што се обраснати со растенија т.е. „проголтани“ од природата.
Со кампањата, од BMW ја претставуваваат визијата која сакаат да ја видат и да ја донесат со помош на нивните електрични возила, сé со цел „враќање кон природата“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Beat MullenLowe од Богота.