Пред 20 години, компјутерската компанија Dell за прв пат во своите реклами ги претстави тогаш младиот актер Брајан Куртис, кој стана познат како „Dell-батката“ (“the Dell dude“), по неговото екстензивно користење на зборот „батка“ (“dude”).
Всушност, фразата “Dude, you’re getting a Dell” („Батка, ти ќе земеш Dell“) своевремено важела за една од најпопуларните слогани во светот на адвертајзингот.
Две децении подоцна, Dell се одлучи да го врати Брајан Куртис за да ја претстави еволуцијата на компанијата: „Батка, многу работи може да се случат во 20 години…“.
„Батката“ понатаму продолжува да објаснува како компанијата се посветила „на големо“ на рециклирањето и одржливоста, промовирајќи ја нивната акција за рециклирање на електронски отпад – од компјутери, до батерии.
„Бидејќи… сите големи нешта може да направат камбек!“ ;)
„Батка, треба да рецилираш“ – заклучува Куртис во новата реклама на Dell.
Според најавите, ова треба да биде прва во серија од нови реклами со Батката. Тој во следните продолженија треба да се осврне и врз другите потфати на современиот Dell, како што е истражувањето на вселената.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција VMLY&R.