Вистинско уживање во глетката. Најстарата Форд Фиеста во Македонија го доби својот нов лик, благодарение на македонскиот импортер на Форд- Ми-Да Гранд Моторс, како една необична активност по повод кампањата за четириесет годишнината од постоењето на Фиеста – „Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“.
Пред пет месеци во салонот на Ми- Да Гранд Моторс беше презентирана пред јавноста во својата првобитна состојба најстарата Форд Фиеста во Македонија, сопственост на семејството Тодороски од Скопје.
Наследена од дедото и доста години постара од него, најстарата Фиеста со нејзиниот сегашен сопственик ја врзуваат многу убави спомени од детството. Токму затоа Бојан Тодороски од Скопје е пресреќен што возилото и понатаму ќе остане во сопственост на семејството. „Ќе ми биде чест да ја возам уште најмалку 40 години“ – Бојан Тодороски, сопственик на најстарата Форд Фиеста во Македонија.
Петмесечниот процес на обнова на ова возило било навистина макотрпна работа за целиот тим на Ми- Да Гранд Моторс. „Реставрацијата на ова возило бараше екстра напор. Не беше лесно бидејќи се работи за модел за кој веќе не се достапни нови делови, но го дадовме максимумот“ – Михаил Терпини, раководител на лимарски сервис.
Горди на оваа кампања, Ми- Да Гранд Моторс уште еднаш го потврди еден од главните постулати на кои се темели брендот Форд – „Грижа за сопствениците на Форд возилата“.
„И после 40 години ние се грижиме за сопствениците на возилата коишто сме ги продале. Со оваа активност го одбележавме историското значење на овој модел Фиеста“ – Дритон Заири, генерален менаџер.
Возилото кое го врати својот сјај беше најстариот модел на Форд Фиеста кој е убедливо најпродаван од својата класа во Македонија, но и во Европа.