BalCannes останува со агенциите дури и во посебни околности! Пријавите се повторно отворени, сега никогаш не било полесно и овој пат тие се бесплатни за сите, со надоместок за само 25-те најдобри проекти на BalCannes
Невообичаените времиња во кои што се најдовме беа само поттик за комуникациската индустрија за никогаш пооригинални, поснаодливи проекти, кои ја обединија заедницата на најразлични начини. Токму затоа оваа година е посебна и за BalCannes, кој одлучи да им оддаде почест на квалитетните, креативни и успешни проекти на пазарот и со тоа да привлече дополнително внимание на нив.
Кризата во која се наоѓаме, остави свој белег и врз буџетите и затоа BalCannes сака да им даде еднаква можност на сите, и на големите и на малите: затоа оваа година донесена е одлука пријавите на BalCannes да бидат целосно бесплатни, а надоместок плаќаат само наградените проекти.

Фото:Борна Филиќ/PIXSELL
Знаеме дека вие сте горди на вашите проекти и дека работевте напорно во текот на изминатата година, особено во периодот на короната. Исто така, знаеме дека е време да ги пријавите вашите проекти на BalCannes – а ако не сте слушнале досега, сега знаете дека со пријавувањето не губите ништо – можете само да добиете. Фантастичен лав.
Не двоумете се, пријавите се отворени до 4 септември. Формуларот за апликација и сите информации може да ги најдете на www.balcannes.com.