Ако некогаш сте се прашале како популарната шпица на Дневникот на РТС би звучела во џез интерпретација, креативците од агенцијата McCann Белград ви откриваат:
На светскиот ден на џезот 30 април, познатата музичка шпица тн.„точкаста планета“ на Дневникот на РТС доби своја џез варијанта. За прв пат уште од седумдесеттите години од минатиот век од кога во различни варијанти се емитува оваа шпица, гледачите на популарниот Дневник во 19.30 часот, можеа да уживаат во нејзината џез интерпретација за чие изведување се заслужни Bata Božanić – бас, Dragan Milovanović Giša – клавир и тапанар Uroš Stamenković.
„Интерпретацијата и осмислувањето на аранжманот за воведната шпица на дневникот за џез клавирско трио, не ни претставуваше потешкотија затоа што бевме понесени од севкупната позитивна и креативна атмосфера која ја следеше промоцијата на фестивалот“ изјави Dragan Milovanović Giša и додаде: “Самата интервенција на шпицата докажува дека без оглед на тоа од каде идејата потекнала, добрите работи можат да влијаат на промена и оживување на социјалната стварност која не опкружува“.
Тимот на агенцијата McCann Белград креирал визуелен идентитет како и невообичаена медиумска промоција на фестивалот во соработка со јавниот сервис Радио Телевизија Србија (РТС).
“Известувајќи за тешки времиња, за облачното секојдневие, за кризата и сиромаштијата, РТС со задоволство излезе во пресрет на оваа иницијатива. На Светскиот ден на џезот и ние, во нашиот Дневник, од се срце, посакавме еден подобар свет во кој наместо интриги, очај и неразбирање, ќе се чуе неописивата убавина опишана со три гласа – jazz,џез..” истакна Boris Miljković, креативен директор на RTS.
Идејата првиот Jazz Crawl фестивал да се промовира на овај начин потекнала од јуниор дизајнерката Kristine Jovanović во која била поддржана од колегата дизајнерот Zdravko Kervešan, кој го осмисли визуелниот идентитет на фестивалот, како и од останатите членови на креативниот тим на агенцијата McCann Белград.
Jovanović вели дека повеќето луѓе знаат како звучи мелодијата за Дневникот на РТС и додава: “Тоа се покажало како одлична платформа да се промовира Jazz Crawl Festival и таа мелодија да добие некој нов “облик“. На тој начин им пренесовме мал дел од атмосферата на фестивалот на сите кои го следат дневникот и покажавме дека некои константи можат да бидат и поинакви”.
Првиот Jazz Crawl фестивал е одржан во вид на неколку истовремени џез свирки на осум различни локации во градот. Големиот број на клубски џез свирки поврзани во една вечер имале за цел да ги активираат посетителите, да тргнат од клуб до клуб, да го слушаат и да го доживеат џезот. Желбата на организаторите, група на независни џез музичари собрани во рамките на Белградскиот џез сервис, била на овај начин да ја промовираат џез музиката, џез уметниците и неверојатно виталната, активна и препознатлива српска клупска џез сцена.