Дали би го промениле своето име?
За награда Ви следуваат стан во Берлин, Германија (во времетраење од една година) со тераса, спална, целосно опремена кујна + велосипед со Вашето име изгравирано на него, авионска карта во еден правец до Берлин, два бесплатни лета до Франкфурт и Минхен и часови за изучување на германскиот јазик. Вашето ново име изгравирано на него. Новото ВАШЕ име треба да биде Клаус-Хајди. Баш така. Клаус-Хајди (вметни презиме).
Клаус-Хајди е микс на двете најпопуларни имиња во Германија во моментов, а идејата зад оваа по малку бизарна кампања е на маркетинг компанијата ДДБ, наменета за нивниот клиент Lufthansa, за подрачјето на Шведска. Можете да бидете мирни. Сега-засега.
Кампањата, со своја веб страна, имаше по малку неверојатен одзив откако 42 лица од Шведска се пријавиле на конкурсот. Организаторите очекувале 0 до максимум 2. 70% од нив биле мажи. 41 лице од нив ќе добијат сребрено членство во програмата на авионски милји на Lufthansa + 60000 милји, освен следниот господин – Ви го претставуваме Клаус-Хајди Андерсон, 24 години од Фјугеста:
Но, сето ова си има своја позадина. Швеѓаните се навикнати на тоа да сакаат да си ги менуваат презимињата (не имињата, но за се постои прв пат).
Lufthansa штотуку создаде 42-ца Клаус-Хајдиња во светот. Кој рече дека постои граница во маркетингот?