Како дел од својата кампања “Fancy a McDonald’s?”, наменета за британскиот пазар, брендот за брза храна McDonald’s објави нова реклама посветена на моментите на мир кои ги носи нивниот оброк.
Едноминутниот спот насловен “Me time” („Време за себе“) прикажува колаж од снимки на различни луѓе во различни ситуации кои едноставно уживаат во краткотрајниот мир кој во текот на денот им го овозможува оброкот на McDonald’s.
Слично како во претходната реклама од кампањата која прикажуваше луѓе кои една минута само се смејат, и во оваа реклама нема вербален дијалог – само мир, тишина и уживање. Во еден момент, кога една жена се свртува кон нејзината пријатека и тргнува да ја прекине тишината, таа сепак се предомислува и остава за по завршувањето на својот оброк.
Рекламата е создадена со помош нз креативната агенција Leo Burnett London и продукциската куќа Academy Films, додека пак медискиот закуп е задача на OMD UK.