Една од најпрофитабилните глобални работи во последниве години е преносот на спортски настани кои секој ден привлекуваат милиони гледачи. Тоа е и темата на панелот наречен “Фудбал: Кој ја држи цената висока”. Секој сака да биде во оваа трка за пари, време, нови технологии. Највисоката цена ја држат фудбалските лиги околу кои се вртат незамисливи суми. Трошоците за емитување на фудбалските права во Европа се зголемуваат, а најпрофитабилните европски лиги, околу кои секогаш се кршат копјата се англиската и италијанската.
Златни ТВ права
Се чини дека телевизиските права за фудбалските натпревари и настани се изработени од злато. Што го прави фудбалот најскапиот спорт, барем во Европа? Кој всушност ги донесува одлуките и кој ги купува тие права? Дали ТВ правата за фудбал го подигнуваат нивото и за останатите ТВ права? На сите овие прашања ќе се обидат да одговорат врвни експерти од регионот, на NEM 2018 година: Никола Франчетиќ, директор на одделот за содржина, медиуми и емитување, Телеком Австрија; Ричард Џон Брешковиќ, маркетинг директор, Хрватски Телеком; Радисав Вуличевиќ, директор, Арена Спорт; Виктор Блундел, виш потпретседател за Источна Европа, Блискиот Исток, Северна Африка и Турција, IMG Media, под модераторската палка на главниот уредник на Хрватската фудбалска телевизија, Ивица Блажичко.
“Фудбалот одамна престана да биде само игра, тој е најголем бизнис во сите свои аспекти”, вели директорот на Arena Sport, Радислав Вуличевиќ. “Таквата цена на фудбалот како спорт не ја намали ни вредноста на телевизиските права. Нивната продажба оди во две насоки. Една од нив е кон комерцијалните телевизии, а другата кон pay платформите. Едните генерално живеат од реклами, а другите од дистрибуција. Секој продавач на права живее за конкурентни пазари, од нив има големи очекувања, но за износот кој се испраќа како конечна понуда и понатаму последниот збор го има калкулаторот, колку и да определени фудбалски програми, со оглед на атрактивноста и имиџот, со себе го носат префиксот уникатни. Зголемувањето на износот на официјалните понуди генерално не влијае на цените на другите спортски права, ниту на цената на другите содржини (содржина која не е спортска). Секоја чест за Холивуд, но врвниот фудбал е најголемиот блокбастер “.
Спорт на Pay TV платформите
Англискиот клуб Манчестер Јунајтед во 2016 година стана фудбалски клуб со највисок приход на светот, достигнувајќи рекордни 735 милиони долари на крајот од сезоната. Она што е интересно е дека кај англиските клубови, најмалиот удел во приходите доаѓа од продажба на влезници и потрошувачката на денот на натпреварите, односно комерцијалните приходи од продажба на опрема, а клучна улога имаат приходите од телевизиските права.
Со 5,5 милијарди фунти од домашните ТВ права, Премиер лигата во периодот од 2016 до 2019 година, заработила дополнителни три милијарди фунти од телевизиските права на меѓународниот пазар. Ова е една од причините зошто англиската Премиер лига е трета најмоќна професионална спортска лига во светот и тоа зад американскиот бејзбол (9,5 милијарди фунти) и американскиот фудбал (13 милијарди фунти).
“Речиси сите Pay TV платформи им нудат на корисниците многу разновидна и вредна содржина. Најважните и најквалитетните филмови, lifestyle, документарни, музички и детски содржини се присутни на сите платформи. Покрај тоа, постојат голем број на канали кои донекаде може да го заменат речиси секој канал од овие жанрови. Спортот и спортските преноси во живо на најатрактивните натпревари се речиси единствената содржинска разлика помеѓу платформите кои не може да се заменат со слични содржини. Ова е исто така е и главната предност на Pay TV платформите во споредба со глобалните OTT платформи. Се` додека платформите и телевизиите се натпреваруваат во стекнувањето на права за премиум спортските содржини, вредноста нема да им падне”, изјави Никола Франчетиќ, директор на одделот за содржина, медиуми и емитување на Телеком Австрија Групацијата.
Вишиот потпретседател на IMG Mediа, глобален лидер за спорт, медиуми и настани, Виктор Блундел, кој веќе 15 години ги води сите медиумски активности во Централна и Источна Европа, Турција и Блискиот Исток и Северна Африка, со нетрпение го очекува панелот на NEM и дискусијата за цената на фудбалот:
“NEN 2018 година е одлично место за средба со раководните лица и за дискусија за развојот на медиумската индустрија”, изјави Блундел, кој во Источна Европа, ги доби и ги продаде аудиовизуелните права на голем број на фудбалски турнири и првенства, вклучувајќи ја и англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига и Италијанска Серија А.
Објавена агендата и сите панелисти
Резервирајте ја вашата акредитација, а доколку сеуште се двоумите, погледнете ја агендата за http://neweumarket.com/hr/agenda-2018/, како и листата на извонредни панелисти кои ќе го посетат Дубровник за помалку од еден месец http://neweumarket.com/hr/panelisti-2018/. Сместувачките капацитети се целосно распродадени.