На вториот ден од одржувањето на New Europe Market, фестивалот беше домаќин на холивудските ѕвезди Алан Каминг, Габриел Јунион и Џесика Алба. Се зборуваше за корисниците, нивните потреби и преференци во однос на пробните периоди и одржливиот однос со давателите на услуги.
Алба и Јунион ја претставија својата нова серија
Учесниците на NEM и можност ексклуивно да изгледаат епизода од новата играна серија „L.A.’s Finest“ во продукција на Sony Pictures Television и да уживаат во друштвото на ѕвездите Габриел Јунион и Џесика Алба кои ги играат главните улоги во серијата и воедно се нејзини извршни продуценти.
„Многу малку жени во забавната индустрија имаат можност да создаваат и продуцираат, особено кога е во прашање криминалистички серии. Но, Габриел направи серија чиј фокус се луѓето, а особено на пријателството помеѓу две силни жени,“ истакна Алба.
Јунион посочи дека иако серијата е наменета за пошироката публика, не било тешко во неа да се внесат и некои различни елементи: „Лесно ни беше да преминуваме помеѓу драма, акција и комедија. Првата сезона ја искористивме да објасниме како ликовите станаа тоа што се и да воспоставиме силна ворска помеѓу нив.“
Учесниците на NEM имаа можност да се запознаат и со Алан Каминг и да ги слушнат неговите мислења поврзани со новата серија „Instinct“ во продукција на CBS Studios International. Ликот на Каминг – д-р Дилан Рајнхарт, професор кој ја советува њујоршката полиција во случаи со сериски убијци – е првиот главен лик кој е хомосексуалец во некоја американска играна серија.
„Луѓето уживаат да се исмеваат со кроксици, угсици и Џесика Симпсон. Јас настојувам да се борам против културата на исмејување преку промоција баш на тие предмети и тие луѓе. Затоа на црвениот тепих носев кроксици и сега го глумам првиот главен лик кој е хомосексуалец во една американска серија,“ изјави Каминг.
Учењето од однесувањето на корисниците е клучно за одржување на добриот однос
Павел Станчев нé запозна со TV2 Media Group, најголемата унгарска телевизиска групација. Во разговор со Сања Божиќ-Љубичиќ, извршна директорка и сопственик на Mediatranslations, Mediavision и Pickbox, Станчев ги сподели највредните лекции стекнати во текот на неговото долгогодишно искуство во медиската индустрија, особено во регионот на Централна и Источна Европа.
„Секоја земја во регионот на Централна и Источна Европа е различна. Не можете да бидете успешни ако не обрнувате внимание на тие разлики. NEM е одлично место за размена на идеи за тоа што функционира во која земја. Се’ повеќе холивудски студија најавуваат свои стриминг сервиси. Унгарскиот пазар е заштитен од нивното влијание поради својот специфичен јазик, но порано или подоцна тие ќе влезат и во него. Сите такви сервиси мора да соработуваат со локалните телевизиски куќи за да успеат на новиот пазар. Локалните продукции имаат сé поголема и поголема улога во сервисите за стримување. Да ја земеме за пример „Novine“, хрватската серија која ја купи Netflix токму на NEM,“ истакна Станчев.
Дискутирајќи за задоволството на корисниците, Симон МекГрат, директор на производство во ThinkAnalytics, ја истакна важноста на учењето од однесувањето на корисниците за развој на одржливиот однос. Учесниците на дискусијата се согласија дека платформите мора да бидат брзи и флексибилни, бидејќи навиките на публиката секојдневно се менуваат. Гери О’Саливан, извршен потпретседател за телевизија и видео во Eutelsat, нагласи дека компаниите од телевизиската индустрија не треба по секоја цена да инсистираат на технолошки иновации без следење на актуелните трендови и прифаќањето на тие трендови во различни пазари. „Технолошкиот развој треба да биде постепен, треба природно да еволуира,“ рече О’Саливан.
Се дискутираше и за неопходноста и ефикасноста на пробните периоди. Жил Домартини, основач и извршен директор на Cleeng, презентираше интересни податоци за ефикаснота на пробните периоди во привлекувањето на корисници. „Во САД, 58% од луѓето кои земаат пробен период продолжуваат да ја користат таа услуга или производ и после завршувањето на пробниот период. Стратегијата треба да се прилагоди на видот на содржините,“ истакна Домартини. Дискусијата за ефикасноста на пробните периоди беше заклучена со мислата дека пробните периоди се онолку ефикасни колку што е производот квалитетен.
Еден од панелите беше посветен на важноста на спортските содржини на телевизиските куќи. Георгиос Ликоропулус, шеф на спортскиот оддел на ERT S.A. Hellenic Broadcasting, ја истакна улогата на публиката. „Не се согласувам со луѓето кои велат дека спортските содржини се производ. Јас мислам дека тоа се настани кои стануваат производ и тие не ни припаѓаат нам, туку на луѓето,“ рече Ликоропулус.
Освежувањето во текот на овој исполнет ден, а воедно и можноста за вмрежување, беше обезбедено од Euronews, Bitmovin и SPI/FilmBox, додека пак вечерта беше резервирана за забава организирана од страна на најверниот партнер на NEM – Eutelsat.