Вториот ден од NEM Zagreb 2024, настан фокусиран на продукцијата на телевизиски серии и филмови, продолжи со целодневен приватен настан „Script Surgery“ за првите тројца финалисти во категоријата за најдобар предразвоен проект, неколку панел дискусии, проекции на содржини од познати европски настани од ТВ индустријата и церемонијата на доделување на наградите NEM Awards, каде беа прогласени победниците во трите главни категории.
Победниците на NEM Awards во трите главни натпреварувачки категории се:
- Награда за најдобар предразвоен проект овозможена од HAVC
Серија по сценарио: Теодора Маркова и Станислав Токалов – „The Last Divorce of Communism“
Долгометражен филм по сценарио: Селена Станковиќ – „Mileva: Frau Einstein“
Документарна серија / долгометражен филм: Тимеа Хусар и Даниел Вашингтон – „Underneath the Waves“
Забавен формат: Ѓорѓе Станковиќ – „The Right Question“
- Награда за развој на копродукциски серии на Советот на Европа: Joyrider Kft. – „Imperial Vampire Committee“
- Награда за најдобра завршена ТВ серија во Централна и Источна Европа: Keshet International/Voyo – “Extractors”
Ексклузивни сознанија од првиот човек на Европската радиодифузна унија (EBU), претседателот на Европскиот клуб на продуценти (EPC) и еден музички могул
За време на клучната сесија на прашања и одговори, Дариуш Јаблонски, основач, извршен директор, продуцент и режисер во Apple Film Production и претседател на Клубот на европските продуценти (EPC), презентираше како EPC ја обликува европската независна продукција повеќе од 30 години.
„Нашето членство вклучува двесте продуценти од 35 земји – сите од нив европски продуценти кои работат на копродукции, и млади и стари, со различни нивоа на искуство, од искусни професионалци до почетници. Најважната филозофија на Европскиот клуб на продуценти е дека ние лобираме за сите. Искрено верувам дека независните прдуценти се темелот на демократијата. Тие го претставуваат нејзиниот основен елемент. Само малите, независни продуценти се доволно храбри да снимаат филмови кои ги предизвикуваат властите и се занимаваат со теми кои можеби не им се допаѓаат“ – рече Јаблонски.
Исклучително атрактивниот панел „Public Service Media: A Fight Worth Fighting For“ постави сериозно прашање за неизвесната улога на јавните медиуми во денешното турбулентно опкружување, и покрај нивниот неспорен придонес во демократијата. Регионалните претставници на јавните радиодифузери разговараа на оваа тема со Ноел Куран, генерален директор на Европската радиодифузна унија (EBU).
„The Secrets of Music in Films and TV Series: Why We Cry, Cheer, and Remember“ беше еден од панелите што целосно ја исполнија просторијата за панели. Музичките експерти и презентерите ја ставија музиката во фокусот и разговараа за нејзината важност за идентитетот на филмовите и ТВ сериите. Музичката икона Џон Алтман, филмски композитор, музички аранжер, оркестратор, диригент и саксофонист, го сподели своето искуство во индустријата:
„Компонирањето музика за медиумите е секогаш соработка – всушност, целата музика треба да биде резултат на соработка. Но, некои композитори, кога ќе стигнат до точка да пишуваат музика за филм, стануваат премногу заштитнички настроени кон нивната работа и велат: Не можете да ја допрете мојата музика. Но, важно е да се земе предвид дека режисерот веројатно ја изгубил својата омилена сцена, монтажерот морал да го исече своето најдобро дело, а сценаристот можеби ја изгубил својата најдобра реплика од сценариото. Тогаш зошто музиката треба да биде исклучок?” – посочи Алтман.
Панелот „Alliances: Join Forces for a Stronger Future“, спонзориран од Хрватската радиотелевизија (HRT), ја отвори темата за плановите за стратешко партнерство кои се клучни за европската телевизиска индустрија.
Бартож Витак, генерален директор и виш потпретседател за Централна и Источна Европа, Турција, Блискиот Исток и Северна Африка во BBC Studios, рече: „Предизвиците се горе-долу исти за сите. Финансирањето и буџетирањето, особено, веројатно ќе останат предизвици во иднина. Од една страна, пазарот е сè позаситен, конкуренцијата е сè пожестока, а очекувањата на учесниците постојано растат“.
Како можат земјите со помалку развиена продукциска индустрија ефективно да го искористат своето културно наследство за да создадат специјализирана и атрактивна содржина што ќе резонира кај домашната и меѓународната публика? Ова прашање беше одговорено за време на панелот „State of Play in the CEE vs. High-Production Countries.“
Кои се најдобрите стратегии за наоѓање и приближување кон потенцијалните инвеститори за вашиот проект? Панелот „From Concept to Capital“ понуди решенија за искористување на индустриските односи и можности за привлекување и обезбедување инвестиции.
Средби и вмрежување со колегите од Европа
За време на програмата Content Showcase, наменета за презентација на нови проекти и идеи, учесниците имаа можност да се инспирираат од проекти забележани на влијателни настани во ТВ индустријата, како што се Riga IFF, Conecta Fiction & Entertainment, Serial Killer, Heart of Europe и United Content HUB.
Индивидуалните работилници за Script Surgery продолжија со тридневна програма, обезбедувајќи детална анализа на најдобрите проекти пријавени на NEM Awards во категоријата за најдобар предразвојен проект поддржана од HAVC.
Непосредно пред церемонијата на NEM Awards и раскошната божиќна забава организирана од Mediavision, учесниците се собраа во главната Панел соба со здравица за добредојде во настан спонзориран од ERT.
А1 обезбеди брза, стабилна и сигурна Wi-Fi мрежа, така што сите учесници можеа да останат поврзани во секое време.
Детални информации за сите настани се достапни на официјалната веб-страница на NEM Zagreb 2024.
Настанот NEM Zagreb 2024 е кофинансиран од Европската Унија, преку потпрограмата Креативна Европа МЕДИА.