Светски познатиот ПР магазин, PR Week, за најдобра ПР агенција, втора година по ред ја прогласи агенцијата Weber Shandwick.
Во конкуренција меѓу најдобрите светски агенции, Weber Shandwick се издвои во однос на постигнатите резултати, компаниската култура, иновативноста и квалитетниот тим.
Тимот на Weber Shandwick оствари исклучително успешни деловни резултати поткрепени со пораст на приходите во речиси сите пазари на кои учествува. Бизнисот во Кина, Кореа и Бразил се зголемил дури 25% на годишно ниво а исто така приходите биле подобрени во 12 од вкупно 13 европски пазари
Просекот на добиени питчови изнесувал 2 добиени од секои 3 нови питчови на кои учествувале а агенцијата задржала вкупно 98% од своите топ 50 клиенти.
Афилиејт партнер на Weber Shandwick во Македонија е агенцијата Меккен Скопје.
Weber Shandwick исто така го доби и признанието голема ПР агенција на годината, додека пак во конкуренцијата средна односно мала ПР агенција победници се M Booth , односно Highwire Public Relations.