Volkswagen во новата кампања ни поентира и потенцира колку всушност е добар нивниот нов СУВ модел Passat Alltrack 4MOTION во управувањето по зимските патишта во натпревар кој вклучува „сокриен“ изложбен салон за автомобилот во некој снежен предел во Скандинавија.
„No Show Showroom“, е идеја замислена од Nord DDB, а за локацијата на овој “изложбен салон” потрошувачите можат да дознаат само ако ги пронајдат координатите на изложбениот салон. Малите хинтови за нив ќе бидат објавени на различни места (вклучително и на Инстаграм) во текот на јануари. Првиот што го пронајде изложбениот салон го добива автомобилот и VW им гарантира дека него ќе можат да возат назад.
Кампањата се промовира преку видео реклами на ТВ кои ги прикажуваат членовите на шведската репрезентација за скијање (на која VW е спонзор), како скијаат до изложбениот салон.