Брендот на чипс Walkers лансираше нова мултимилионска кампања за враќање во етерот на британскиот пазар, по недостигот на чипс со кој се соочи нацијата кон крајот на минатата година.
Кампањата насловена “Britain’s most well-loved crisps” („Најсаканите чипсови на Британија“) има за цел да ја нагласи радоста која Walkers им ја носи на своите фанови.
Во центарот на кампањата стои 30-секунден телевизиски спот од гледна точка на чипсот во пакувањето, склопен како колаж од снимки кои прикажуваат различни луѓе кои со радост уживаат во јадењето на различните вкусови чипс од брендот Walkers.
Всушност, ова е првата кампања која ги обединува сите видови и вкусови на Walkers на едно место.
„Сфаќаме колку на нацијата ѝ недостигаа омилените чипсови, а лансирањето на нашата нова реклама го препознава ова со славење на уживањето што го нуди портфолиото на Walkers“ – истакнува Фернандо Кахане, виш маркетинг директор за Walkers Snacks во PepsiCo.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VCCP London и продукциската куќа Curate Films, додека пак медиското планирање и закуп е задача на OMD и Sips+Bites.