Програматикот забрзано станува стандард и помага во воспоставување на подетално таргетирање
Организацијата WARC, глобалниот авторитет кога станува збор за ефикасноста на огласувањето и медиумите, го објави својот најнов извештај Media Strategy Report 2018, кој ги истакнува клучните трендови во медиумската стратегија, со лекции научени од добитниците на глобалните награди WARC Media Awards кои го наградуваат планирањето на комуникациите кое позитивно влијае на резултатите од работењето.
Извештајот Media Strategy Report 2018 ги нагласува следниве клучни согледувања и маркетинг трендови:
Интеграцијата создава иновативност: Во рамките на интегрираните кампањи, постои огромен опсег на иновации, при што секој канал не само што ги користи своите предности, туку и ја зајакнува улогата на други канали. Медиумите во 2017 година вклучуваа бројни модели на интеграција, при што социјалните медиуми и онлајн видеата беа најчести помошни медиуми за интегрираните кампањи, а телевизијата остана најпопуларен водечки медиум. Ова се потпира на истражувањето на WARC и нивниот консултант Питер Филд, кој ги идентификуваше социјалните медиуми како катализатор во медиските миксови.
Податоци- програматик и персонализација: Програматикот еволуираше од чисто ефикасно купување во еден софистициран метод за обезбедување персонализиран или високо релевантен маркетинг. Програматикот брзо стана стандард и помага во воспоставувањето на подетално таргетирање.
Партнерства- содржина и славни личности: За ефективни партнерства и спонзорства, сè се врти околу високо-квалитетна содржина која ги исполнува целите на двете страни. Познатите личности и понатаму преферираат креативна стратегија кога станува збор за партнерства и спонзорства, при што високо профилни партнерства со ѕвездите обезбедуваат дека брендот ќе се истакне.
Технологија: Во 2017 година имаше помалку кампањи отколку во 2016 година, во кои користењето на технологијата беше сама за себе цел. Многу повеќе труд се вложува во размислување што може да се постигне од неа. Ова помогна да се воспостави ефикасно користење на технологијата како алатка за да им помогне на брендовите да ги постигнат и комерцијалните и социјалните цели.
Целокупниот 2018 Media Strategy Report е достапен за претплатниците на warc.com. Во извештајот се вклучени анализи за пријавени кампањи во секоја од четирите категории на награди на WARC и резиме на сите победнички студии на случај на 2017 WARC Media Awards.