Нашиот живот е подинамичен од било кога во минатото и секој нов ден е се поразличен од претходниот. Во светот на бизнисот, оваа нова брзина на работење е и предност или недостаток во зависност од тоа која е способноста на компанијата да се адаптира на социјалните и економските промени и да го искористи целиот свој потенцијал во новата средина.
Во 2017, маркетерите ги користат сите достапни алатки, од реклами до инфлуенсерски канали, визуелно раскажување на приказни и содржини. Најголемите трендови во индустријата ќе им помогнат на експертите да го зголемат својот маркетинг досег со помош на вклученоста на потрошувачите.
На овогодинешниот Webit.Festival кој се одржува од 25 до 26 април во соседна Софија (во Технолошкиот парк) можете да ги слушате говорите на најдобрите маркетери во светот.
За време на Marketing & Innovation самитот кој ќе се одвива во рамките на настанот ќе се зборува на теми како: програмски Интернет, мобилно, видео и ‘’native’’ вид на реклами, бренд стратегии, мерење и податоци, мобилен маркетинг, повеќе каналски и персонализирани стратегии, медиумска и дигитална забава.
Информациите ќе ви помогнат во трансформирањето на бизнисот во компанија на иднината, односно ќе добиете вредни алатки со чија помош ќе го подобрите својот перформанс.
Брендовите ја препознаваат и воедно ја учат вистинската вредност на содржината додека во исто време нашите животи како потрошувачи стануваат презаситени со информации. Ова значи дека конкуренцијата за нашето внимание никогаш не била поголема , а гледањето на содржината станува нешто што не е доволно.
Директорот за дизајн на T Brand Studio International – Graham McDonnell ќе ни раскаже повеќе за важноста на приказната во раскажувањето.
Претседателот и глобален бренд директор на Havas Worldwide – Jason Jercinovic ќе зборува за подемот на вештачката интелигенција и нејзината улога во денешната политика и политички маркетинг. Во меѓувреме Nick Worth од Selligent ќе биде задолжен да сподели свои видувања од полето на маркетинг автоматизацијата и користењето на вештачката интелигенција.
Chris Clarke менаџер од DigitasLBi ќе зборува за смртта на емпатијата во маркетингот и зошто светската глобална конзистенција на брендови веќе не е важна. Chris е члена на А- листата на Campaign и скоро беше и рангиран на позицијата #53 во согласност со The Drum (Adverati) а тоа е листа со највлијателните луѓе од полето на маркетингот.
Управниот директор на Twice Reply за дигитална трансформација – Volker Glaeser ќе ве информира како новите иновациски процеси може да го променат дигиталниот свет и кои се најефикасните начини за креирање и тестирање на идни продукти. Германскиот експерт ќе ги објасни двата пристапи на денешните водечки глобални иноватори –Rapid Prototyping and Constant Beta.
Генералниот менаџер за маркетинг во Phunware- Jon Hook ќе зборува за менувањето на пејсаж от на мобилното рекламирање, кои се најдобрите начини за адаптација на стратегиите а компаниите до промените и каде се наоѓаат најголемите замки во отпочнувањето на технолошки бизнис.
Во меѓувреме глобалниот шеф за стратегија и дигитални медиуми на Mindshare- Norm Johnston ќе го објасни процесот на искористување на маркетинг можностите во широкиот пазар на конектирани направи со цел да се добијат подобри конекции и услуги за потрошувачите. Во неговата сесија, Norm ќе сподели примери од неговата неодамна објавена книга ‘’Extra Sense’’ , која илустрира како маркетерите го истражуваат пост-мобилниот трет бран на дигитален маркетинг.
Овде ќе можете да погледнете цела листа на говорници на Webit фестивалот, додека пак тука можете да ги добиете сите информации кои ви се потребни околу билети за настанот.