“Софија е дигиталната престолнина на новите пазари” – со овие зборови беше отворен најголемиот форум за технологии и иновации во Бугарија и регионот. Секоја година тој ги собира водечките светски личности од областа на претприемништвото, технологиите, финансиите и маркетингот.
Оваа година организаторите спремија малку нетрадиционално отворање. Тапани и гајди под спектакуларни светлосни ефекти ги поздравија гостите од 74 држави низ светот. На настанот присуствуваа и претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, градоначалникот на Софија Јорданка Фандакова, претседателот на Комитетот за региони во Европскиот Совет Марку Маркула и други познати личности од јавниот живот во Бугарија.
“Во денешно време Еврпа е вториот играч – наспроти САД, Кина, Индија. Ако сакаме да се развиваме, треба да направиме не чекор напред, туку скок, сличен на оној на Стефка Костадинова. Ние треба да докажеме, дека Европа може да скока, а Бугарија е одлично место за тренинг за таков скок. Ние сме дигиталната иднина на Европа,” изјави на отворањето основачот на Webit Foundation Пламен Русев.
“Со оваа иницијатива покажуваме, дека во Бугарија претприемачката средина е толку добро развиена, што го влече напред целиот екосистем. Ако некој ми каже, дека следниот Бил Гејтс не може да се роди во Бугарија, ќе треба долго да се расправа со мене,” додаде Русев.
Според претседателот на Комитетот за региони во ЕС Марку Маркула, европската иднина зависи се’ повеќе од претприемачкиот дух. “Иновациите не се ризик. Ризикот се крие во тоа да се плашиме од иновации,” истакна тој.
Webit 2016 се одржува два дена (19 и 20 април). На настанот, кој се одржува во Софија Тех Парк, присуствуваат 4300 учесници, а свои предавања ќе имаат над 250 говорници.