Европскиот Webit Festival, што ќе се одржи во Софија на 19 и 20 април, најави уште една возбудлива причина за стартапите да учествуваат на овој когрес и да аплицираат за Webit’s Founders Games: Грант од 200.000 евра.
Стартапите што ќе аплицираат за учество на овој настан, ќе имаат можност да добијат бесплатен саемски штанд, влезници за фестивалот, а со тоа и можност за запознавање на лидери и инвеститори од насекаде во светот, а победникот на Webit’s Founders Games ќе добие грант од 200.000 долари.
Инвестицијата е обезбедена од Пламен Русев – претприемач, инвеститор во технолошки комании и основач на Webit, како и неколку други бугарски инвеститори и претприемачи.
Досега се пријавија повеќе од 930 стартап компании од насекаде во Европа, а можноста за аплицирање трае уште само 5 дена, односно до 10-ти април. Дел од стартапите ќе ја добијат уникатната можност за презентирање на својата работа или производ пред жири – нешто што од овој момент стана за 200.000 евра повозбудливо!
Ако сте стартап и не сте меѓу оние 930+ компании, искористете ја можноста и пријавете се уште денес.
Доколку пак сте инвеститор и претприемач со цел да истражува нови бизнис можности меѓу европски стартап компании, Webit е вистинското место за тоа. Вашиот билет букирајте го тука.
Webit Festival, 19-20 април 2016, е собир на дел од најголемите лидери во претприемништвото, основачи на компании, стартапи и инвеститори. Целосната програма и подетални информации околу настанот погледнете тука.