Агенцијата за интегрирани комуникации Represent Communications ја лансираше новата дигитална платформа WebMind. Ова е иновативен медиумски проект замислен да понуди простор за истражување на теми поврзани со новите ИТ технологии, гејминг индустријата, WEB 3, да информира и едуцира за Blockchain, Crypto, NFT, Metaverse, да ја обедини tech индустријата на Балканот во заеднички онлајн простор за соработка, и да помогне во брендирање и позиционирање на tech компаниите.
WebMind е резултат на 5 месечна интензивна работа на девелопери, дизајнери и контент креатори кои свесни за важноста на дигитализацијата и ИТ екосистемот, понудија содржина за едукација и информирање на пошироката публика, спојување и разбирање на tech со non-tech светот и потребите на обата.
„Ќе работиме на едукација и информирање на пошироката публика и демистифицирање на концептите на дигиталниот свет. Ќе се обидеме да се етаблираме како мејнстрим дигитален медиум, т.е. да зборуваме со поширока публика на разбирлив јазик и да ги доближиме темите на дигиталната револуција и децентрализираниот дигитален универзум и предностите што истиот ги носи. Зошто? Затоа што не сакаме ИТ да се претвори во уште една индустрија која е тешко разбирлива. Дигитализацијата е нашата нова секојдневна реалност и како таква не треба да биде засташувачка или неразбрана“ – објаснува Лазар Јовановиќ, директор на WebMind.
Проектот Webmind е дизајниран како регионално – релевантна платформа со тенденција да стане глобална. Засега се достапни две јазични верзии, а во процес на подготовката е македонската верзија. Она по што се издвојува од сличните тематски медиуми е пред сè, сеопфатната авторска содржина заснована на истражувачко новинарство, текстови прилагодени кон ИТ заедницата и кон оние што сакаат да зачекорат во тоа поле, како и оригинални илустрации кои се речиси мали уметнички дела и нудат визуелно поинакво опкружување.