Најдобриот Weekend во годината повторно воодушеви, инспирираше, едуцираше, забавуваше и ја оправда титулата на водечки регионален фестивал од сферата на медиумите, комуникаците, маркетингот и широкото поле на креативниот бизнис. Во изминатите три дена, Стариот тутунски комбинат во Ровињ собра рекорден број посетители кои имаа можност да учествуваат на врвни предавања и да слушнат сè од водечките регионални и светски експерти за актуелните теми и трендови на денешницата, со неизбежна доза на одлично дружење и забава. Меѓу нив беа и темите за соживотот на ПР-овците и новинарите, контроверзните претприемачи, влијанието на вештачката интелигенција, феноменот на трап музиката, но и деловните неуспеси што ги забележале успешните претприемачи на нивниот развојен пат.
„Weekend.16 ги надмина сите очекувања! Беше фантастично уште еднаш да се ужива во неверојатната атмосфера, погледот на полните сали и задоволните лица на рекордните 6.000 посетители кои уживаа во последниот викенд од септември. Уште еднаш докажавме дека сме фестивал – лидер во размената на искуства, голема енергија, пријателство и создавање деловни соработки, но и фестивал на нови идеи“, изјави Томо Рицов, програмски директор на Weekend Media Festival кој и оваа година се одржа под генерален патронат на групацијата Adris.
Вештачката интелигенција е сеприсутна, помладите генерации ќе се развиваат природно со неа , а наше е да ги запознаеме сите нејзини можности, да се едуцираме, да се информираме и да ги прифатиме позитивните промени што ќе ги донесе, беше акцентот на панелот „Open about AI“. Динамичната дискусија на експертот за вештачка интелигенција Борис Дебиќ, директор во ZŠEM, Мислав Маленица, претседател на Croatian Artificial Intelligence Association и извршен директор на Mindsmiths, како и Јошка Мрнџе, директор за Јадранскиот регион во Google, под модераторското водство на Ацо Момчиловиќ, експерт и советник во Futurehr, заврши со пораката дека не е толку важна технологијата, колку е важен фактот дека времето со кое се соочуваме носи нова револуција. И Борис Јокиќ, директор на Институтот за социјални истражувања, во своето предавање заклучи дека развојот на дигиталните технологии и вештачката интелигенција радикално ги променија сите аспекти од нашиот живот и дека приватниот простор речиси веќе не постои.
Кишоре Махбубани, сингапурски дипломат, поранешен претседател на Советот за безбедност на ОН и експерт за меѓународни односи, сподели неверојатни сознанија за иднината, геополитичките промени и влијанието на Азија врз Западот на панелот „Дали Западот (се) изгуби?“.„Следните 10 години ќе бидат 10-те највозбудливи години во геополитиката“ – рече Махбубани, нагласувајќи дека никогаш во човечката историја не сме гледале две неверојатни сили со еднаква големина и моќ како се соочуваат една со друга. „Ова ќе го потресе светот, врзете ги појасите!“ – нагласи Махбубани во инспиративното предавање.
Жестока дискусија се водеше на панелот „Каде грешат ПР-овците?“. „Проблемот не е во тоа што премногу информации течат кон нас, туку проблемот е обично во тоа што ПР-овците сакаат да имаат контрола врз работата на новинарите, понекогаш преку политичка моќ, понекогаш преку комерцијална моќ и мислат дека имаат моќ за раководење со информациите. Накратко, тоа им пречи на новинарите затоа што сакаат информации што не сакаат да ги дадат ПР-овците, а ПР-овците форсираат информации кои се неинтересни за новинарот затоа што се од промотивен карактер. Токму публиката е во загуба затоа што има конфликт меѓу двете струи“ – беа зборовите на Томислав Клаушки, новинар во 24sata, кој учествуваше на панелот заедно со Ивана Галиќ Бакса, директорка за маркетинг и комуникации во United Media, Ружа Вељовиќ, директорка за корпоративни работи и комуникации во Wireles Media Group и Владимир Прешељ, извршен директор на Millenium promocije. За влијанието на медиумите врз перцепцијата на претприемачите зборуваа Зоран Турковиќ, главен извршен директор на 24sata, Александар Станковиќ, ТВ презентер, Зоран Шпрајц, уредник и презентер во RTL, Хрвоје Бујас, претседател на Udruge Glas Poduzetnika и Тихомир Ладишиќ, директор за вести и програма во N1, на панелот „Контроверзен претприемач“ поддржан од UGP и модериран од Петар Стефаниќ.
„На почетокот на 90-тите, зборот претприемач најмногу се поврзуваше со криминалот, а целата идеја на Udruge Glas Poduzetnika беше зборот претприемач да стане термин за луѓе кои создаваат нови вредности. Зборот ‘господарственик’ е човек кој стигнал до позиција преку политичка врска и затоа треба да ги дистанцираме овие два поими. Политиката делува во медиумите, се разбира, но има претприемачи кои исто така би сакале влијание и моќ“ – рече Бујас.
Иако масовните медиуми не се кралеви на медиумската култура како порано, тие остануваат живи и силни, а технологијата ја промени нивната доминација и, парадоксално, ги направи помоќни – беше тезата на предавањата „Како податоците и вештачката интелигенција го обликуваат денешниот DOOH“ и „Последните масовни медиуми со водечки имиња од областа на DOOH“ – на Каи-Маркус Таслер, член на одборот на директори на Светската организација за надворешно рекламирање (WOO) и Денис Гаумони, пионер и светски лидер во мерењето на надворешното дигитално огласување и екрани во малопродажба, кои ги споделија своите приказни и искуства. „Најлесно е да се откажеш, најтешко да продолжиш“ – беше пораката на овогодинешниот панел Pušiona 2.0, каде што успешните луѓе ги открија своите помалку успешни приказни, додека непомирливите разлики меѓу бумерите, Gen Z и милениумците т.е. децата на цвеќето и рокерите и младата генерација која слуша трап, ги објаснија музичарите Реља Поповиќ и Зембо Латифа, Ѓорѓе Трбовиќ, ко-основач и извршен директор на IDJ и Милан Мајеровиќ Стилиновиќ од ZAMP. Тие заклучија дека и покрај тоа што бумерите често не ја разбираат трап културата, таа стана феномен што го обедини Балканот, што укажува на моќта на музиката како средство за зближување на луѓето и промовирање заедништво.
Љубителите на спортот беа почестени со разговор еден на еден меѓу повеќекратниот добитник на Еми и креативен директор на CBS Sports, Пит Радович, и познатиот хрватски кошаркар Дамјан Рудеж, со наслов „Како да им продадете фудбал (и дестинација) на Американците“. „Примерот на Superbowl потврдува дека за Американците шоуто е поважно од спортот“ – рече Радович, кој заедно со Рудеж го најавија новото издание на Sunset Sports Media Festival, проект кој во Задар ги собра светските ѕвезди од спортот, промоцијата и шоу-бизнисот и направи исчекор во промоцијата на Хрватска кон американскиот пазар. На панелот „Сите зборуваат за Ријека – нова ријечка перспектива“, градоначалникот на Ријека, Марко Филиповиќ, и директорот на Туристичката заедница на градот Ријека, Петар Шкарпа, истакнаа дека во последните неколку години во Ријека се отвориле бројни можности за ревитализација на инфраструктурата и бројните културно-економски објекти – од новиот културен кварт, новата библиотека, автобуската станица и сè до новата наутичка марина. Сите овие инвестиции доведоа до промена на парадигмата – Ријека од пристанишен и индустриски град станува туристички. Заедно со модераторката Невена Рендела Вејзовиќ, директорка на Prime Time Communications, тие го најавија и второто издание на регионалната конференција Women’s Weekend, која ќе се одржи во Ријека од 7 до 10 март 2024 година, во новиот простор на Уметничкиот кварт, а ќе сигурно ќе придонесе за новата перспектива на Ријека.
На што се смее публиката на брегот на Вардар, а на што во подножјето на Триглав? На која публика и’ е поважно нешто да биде духовито, а на која е доволно само да биде смешно? На овие прашања одговори најдуховитиот состав на Weekend – стенд ап комичарите Тин Водопивец, Горан Винчиќ и Пеѓа Бајовиќ, како и новинарот и водител Зоран Кесиќ, кој не верува дека неговата публика е вознемирена од националистички прашања, иако тоа е сè уште актуелна тема на нашите простори и која наместо политичка сатира, во Европа би ги извезувала нашите политичари. Weekend Media Festival беше заокружен со забава до раните утрински часови со одличниот холандско-новозеландски бенд My Baby, а на настанот RNB Confusion, организиран од диџеј Медо и диџеј Турк со Зембо Латифа, со одлична музика, многу забава и дружење, беше испратен овогодинешниот Weekend.16.
Како беше на овогодинешниот Weekend можете да погледнете на официјалните профили на Фестивалот на Facebook, Instagram и Linkedin.