Септември оваа година повторно ќе го одбележи најдобриот викенд во годината
И оваа година, од 24 до 27 септември, Викенд Медиа Фестивал ќе ги собере водечките експерти од медиумската индустрија во Ровињ. Под слоганот „I love Weekend“, фестивалот ќе ја одбележи љубовта, поврзаноста и пријателството кои беа потребни во 2020 година повеќе од кога било.
„Многу сме возбудени и драго нѝ е што и оваа година ќе уживаме во одличните предавања и врвните забави кои што ги има само на Викенд. Особено сме фокусирани на грижата за безбедноста на сите присутни. Внимателно ги следиме упатствата на надлежните јавни здравствени власти и се придржуваме до пропишаните препораки со цел да се обезбеди максимална безбедност за сите посетители“, истакна директорот на фестивалот Томо Рицов.
Овогодишното издание на најголемиот регионален медиски фестивал, веќе традиционално, ќе ги собере сите заинтересирани за медиумската индустрија, а особено значајно е што Викенд Медиа Фестивалот ќе биде еден од првите поголеми фестивали што ќе се одржат по олеснување на епидемиските мерки предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
„Сите најдобри забави беа во најлудите времиња и затоа сме сигурни дека ова ќе биде најдобриот Викенд досега. Покрај тоа, подготвуваме топ програма што нема да сакате да ја пропуштите“, објаснува директорот на програмата на фестивалот Никола Врдољак.
Најдобра покана за овогодинешниот Викенд е фактот што секоја година во Ровињ се собираат сè поголем број учесници и врвни предавачи. Затоа, бидете дел од најголемиот медиски фестивал, подгответе се за најдобрата забава во годината и понесете добра волја и опуштеност – тоа е сè што Викенд бара од вас!