Генералната извршна директорка на Dentsu International, искусната Венди Кларк, се повлекува од функцијата – пренесува адвертајзинг магазинот AdAge.
Како причина се наведува „неизбежното реструктуирање што ќе ја обедини меѓународната групација, што таа ја води, со операциите на Dentsu Group со седиште во Јапонија.“
Венди Кларк стапи на функцијата генерален извршен директор на Dentsu International во септември 2020 година.
Претходно, таа помина четири години во DDB Worldwide, каде што ја извршуваше функцијата Глобален претседател и генерален извршен директор. Пред тоа, Кларк осум години работеше во The Coca-Cola Company. Нејзиното вкупно искуство во индустријата надминува 30 години.