Минатиот месец, брендот за спортска опрема Nike ги претстави официјалните дресови за повеќе репрезентации кои ќе се натпреваруваат на овогодишното Светско фудбалско првенство за жени, што ќе се одржува во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август 2023 година.
Сега, пак, само неколку денови пред почетокот на првенството, брендот ја лансираше својата нова кампања насловена “What The Football?”. Кампањата ги истакнува неверојатните фудбалерки кои инспирирале милиони луѓе ширум светот со своите атлетски способности и професионализам.
Во главниот спот се појавуваат лицата на 11 фудбалерки од светска класа, и тоа: Ада Хегерберг, Алекс Морган, Асисат Ошоала, Клои Кели, Дебиња, Грејс Гејоро, Кадеиша Бјукенан, Сем Кер, Софија Смит, Ванг Шуанг и Меган Рапино.
Дополнително, како дел од кампањата, секоја фудбалерка доби индивидуална епизода посветена на нивните лични приказни, кои се достапни за гледање преку официјалниот канал на Nike Football на YouTube.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy Portland.