WhatsApp веќе некое време се бори со зголеменото ширење на лажни вести, а за решавање на овој проблем пронаоѓа различни решенија со цел да се заштитат корисниците од дезинформации. Лажните вести пред само малку повеќе од две години не претставувале термин кој има широка примена, а сега на нив се гледа како најголема закана за демократијата и слободата на говорот.
Терминот “лажни вести” е прогласен и за збор на годината во 2017 година, ги зголеми тензиите меѓу нациите и доведе до низа промени кои се случуваат во рамките на социјалните мрежи. И покрај сето тоа, експертите не можат да се согласат што е точно “лажна вест”, колку голем проблем може да предизвика и што може да се направи околу тоа. Имено, владите и моќните поединци ги користат информациите како оружје во текот на целата историја, а со цел да ја зголемат поддршката и елиминираат конкуренцијата.
Најголемиот проблем во врска со лажните вести е што тие често доаѓаат од различни страни, а оние кои ги креираат се различно мотивирани. Таквите мотиви можат да бидат комерцијални, национални или до нив може да дојде заради тоа што иронијата и сатирата се погрешно протолкувани. Исто така постојат и вести од мејнстрим медиумите, за кои се испоставува дека не се точни, но остануваат на социјалните мрежи, бидејќи креаторите не ги отстрануваат, односно не ги демантираат на време.
Кога се работи за WhatsApp, лажните вести се` повеќе се поврзуваат со оваа платформа и веќе некое време се преземаат различни мерки за да се отстрани овај проблем. Последната во низата мерки е донекаде радикална, бидејќи подразбира бришење на профилите, а откако ќе се забележи сомнителна активност. Од управата на овај сервис објавија дека се бришат и по два милиони профили секој месец, но се` уште не е јасно дали ова ќе влијае на спречување на ширењето на дезинформации, бидејќи се доволно само неколку злонамерни корисници за да се рашири некоја лажна вест и да навлезе длабоко во ткивото на овој начин на комуникација.