Платформата за допишување WhatsApp, во сопственост на Meta, го објави својот прв краток филм, насловен “Naija Odyssey” („Нигериска Одисеја“).
Филмот од 12 минути, кој претставува еден вид краток документарец, ја раскажува приказната на грчкиот кошаркар со нигериско потекло Јанис Адетокунбо, кој што минатата година освои шампионски прстен во американската кошаркарска лига НБА.
Наратори на филмот се самиот кошаркар и неговата мајка Викторија, раскажувајќи го неговиот живот од раѓањето во Грција, поврзаноста со нигериското наследство, емиграцијата во САД и достигнувањето на кошаркарската слава со тимот на Milwaukee Bucks.
Сосем очекувано во филмот е вклучена и реклама за WhatsApp, претставувајќи се како платформа која на своите 2 милијарди корисници им овозможува да се „пронајдат себе си“. Како што укажува и самиот наслов, филмот е лабаво заснован на античкиот грчки еп „Одисеја“.
Филмот доаѓа како резултат на спонзорски договор потпишан помеѓу Адетокунбо и WhatsApp во февруари годинава.