Откако WhatsApp најави воведување реклами во статуси, сега е познат и датумот кога ќе се случи тоа
Поради новите промени, компанијата ја напуштија коосновачите Брајан Актон и Јан Коум, како и менаџерот Нирад Арора.
Новото ажурирање се нарекува “реклами во статуси” и ќе се појавува помеѓу новите статуси. Статусите на WhatsApp се многу слични на Instagram Story или на Snapchat и им овозможуваат на корисниците да објавуваат видеа, фотографии или гифови кои исчезнуваат по 24 часа.
Од Фејсбук велат дека во моментов 450 милиони корисници на WhatsApp користат статуси, додека апликацијата има 1,5 милијарди корисници.
Рекламите ќе почнат да се појавуваат во статусите на почетокот на 2019 година.