Во периодот помеѓу 15 и 17 април ќе имаме можност да се запознаеме со релевантните трендови во новата креативна сезона. Главниот град на Белорусија и речиси географскиот центар на Европа, Минск, ќе биде домаќин на 12-то издание на меѓународниот адвертајзинг и маркетинг фестивал White Square – еден од најголемите креативни фестивали во европската комуникациска индустрија кој секоја година укажува на најперспективните нови креативни идеи и проекти во меѓународниот адвертајзинг во последната година.
Традиционално, White Square ја отвора меѓународната креативна сезона, собирајќи преки 1000 висококвалитетни пријави од целиот свет и повеќе од 700 делегати од 30 држави од Источноевропскиот и Балтичкиот регион, Западна Европа и Азија.
Големите агенциски мрежи, локалните агенции и комуникациските професионалци од сите земји ширум светот кои сакаат да ја докажат својата креативност и професионална способност преку иновативни проекти се добредојдени да учествуваат на фестивалот. „Early bird“ понудата која нуди попуст од 10% на секоја котизација за учество е отворена до 31 јануари. Креативните проекти се пријавуваат онлајн преку официјалниот веб-сајт adfest.by.
Пријавените кампањи ќе се натпреваруваат во седум категории: Креатива, Брендинг, Маркетинг, Дигитал, Креативна ефективност, Медиа, Промена за добро, кои ќе бидат жирирани од страна на 6 меѓународни жири-комисии.
Во моментот, повеќе од 45 светски признати експерти од Германија, Италија, Португалија, Франција, Белгија, Шведска, Холандија, Чешка, Обединетите Арапски Емирати, Романија, Унгарија, Естонија, Литванија, Латвија, Ерменија, Белорусија, Русија и Украина го потврдиле својот статус како членови на жири-комисиите на овогодинешното издание на White Square. Значен дел од нив се личности кои биле наградени или жирирале на Cannes Lions.
Наградените проекти ќе бидат објавени во духот на најдобрата фестивалска традиција на свечената наградна церемонија која ќе се одржи на 17 април. Тие исто така ќе бидат претставени во преку 30 европски медиуми кои го следат еден од водечките настани во глобалната креативна индустрија. Од 2017 година, White Square е вклучен во глобалниот креативен ранкинг AdForum Business Creative Report.
Покрај натпреварувачкиот дел, фестивалот White Square вклучува и повеќе разновидни и возбудливи бизнис и едукативни програми. Во текор на трите фестивалски денови, од 15 до 17 април, учесниците ќе може да уживаат во преку 70 предавања, презенатации и панели посветени на креативата во комуникациите, маркетингот, брендингот, дигиталните технологии и медиуми, предводени од ѕвезди на глобалната адвертајзинг индустрија. Неформалниот и забавен дел е исто така гарантиран на White Square со целовечерни забави.
Детални информации за фестивалот White Square може да добиете на официјалниот веб-сајт adfest.by. За учество во натпреварувачкиот дел можете да го контактирате организаторот на фестивалот, Друштвото на комуникациски и маркетинг агенции на Беелорусија, преку електронската пошта konkurs@adfest.by; а за учество во бизнис и едукациската програма, преку електронската пошта info@adfest.by.