Денес, многу активности се принудени да бидат прекинати поради пандемијата. Огласувачите ги кратат своите адвертајзинг буџети, а агенциите се одлучуваат да ја прескокнат оваа фестивалска сезона. Таквата „чекај и види“ позиција го поместува фокусот од креативноста кон постандардни идеи за решавање на секојдневни проблеми. Во меѓувреме, многу експери ширум светот ја нагласуваат потребата за креативен пристап во решавањето на предизвиците со кои се соочува современата економија. Многугодишното искуство докажува дека креативните идеи се тие што се покажуваат како најефективни – како на краткорочен, така и на долгорочен план. Неактивноста во време на криза мже да доведе до уште поголема криза во иднина, па затоа креативната индустрија не може да си дозволи „да стави маска“ и да се повлече во карантин.
Агенциите во овој момент се наоѓаат на работ на една многу важна одлука – да ги откажат сите планови и да чекаат подобри времиња, или да изградат нови планови и да продолжат да се движат напред, демонстрирајќи ја моќта на креативноста, подобрувајќи ги пазарните позиции на своите клиенти и зајакнувајќи го креативниот „имунитет“ на своите креативни тимови преку поттик и инспирација. Згора на тоа, тековната креативна сезона започна со позитивна нота и многу агенции создадоа силни кампањи вредни за фестивалски награди.
„Време е за победа!“ – прогласија од еден од најголемите кретивни фестивали во Европа, Меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square, чиј повик за пријавување на кампањи за своето овогодишно издание трае до 31 мај. Оттаму ги повикуваат сите комуникациски, брендинг, маркетинг, дигитални, медиа, ПР и евент агенции и независни креатори од различни држави да ги остават стравовите позади себе и да гледат кон иднината преку призмата на креативноста, да ги претставаат своите креативни дел и да ги насочат своите напори кон создавањето на уште посветли и пооригинални проекти.
Пријавувањето се одвива онлајн, и тоа во седум натпреварувачки категории со повеќе поткатегории:
CREATIVE: Film, Print, Radio & Audio, Outdoor, Integrated, Branded Content и Entertainment;
BRANDING: Communication Design, Packaging Design, Digital & Interactive Design;
MARKETING: Brand Experience & Activation, PR, Direct, Innovations;
CREATIVE EFFECTIVENESS;
MEDIA: Channels, Excellence in Media, Media Campaign;
DIGITAL: Digital, Mobile, Creative Data;
CHANGE FOR GOOD. Рекламите посветени на пандемијата на Ковид-19 може да учествуваат во категоријата Change for Good без да плаќаат котизација.
Пријавените кампањи ќе бидат оценувани од шест меѓународни жири-комисии, составени од светски познати и признати личности од областа на адвертајзингот. Членовите на жири-комсиите доаѓаат од повеќе од 30 држави ширум светот и повеќекратно учествуваале во жирирање на некои од најголемите глобални фестивали и освоиле стотици престижни меѓународни награди за креативност и ефективност за кампањи на дел од водечките светски брендови.
Победничките кампањи и агенции на White Square ќе бидат нашироко промовирани во индустриските медиуми, вклучувајќи над 30 публикации во Европа и пост-советскиот комонвелт, вклучувајќи држави како Франција, Белгија, Германија, Шпанија, Португалија, Италија, Холандија, Романија, Естонија, Литванија, Латвија, Србија, Хрватска, Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Грузија, Ерменија и други.
Подетални информации за фестивалот White Square можат да се најдат на официјалниот веб-сајт adfest.by.