Википедија планира да застане на патот на секакво несакано однесување во платформата, со помош на поформален начин на модерирање на содржината.
Со текот на годините, се создаде посебен вид на онлајн насилство, карактеристично само за Википедија, во форма на дезинформации и насилни промени на содржината, со цел да се повреди одредена јавна личност или да се промени содржината во согласност со приватните верувања на модераторот.
Фондацијата Викимедија планира да го спречи ова во иднина, со помош на нови правила и забрана на сите оние модератори и корисници кои ги кршат тие правила. Покрај тоа, се планира повеќе да се инвестира во Trust и Safety тимови и да се зголеми бројот на вработени, но и количината на алатки за безбедност.
За донесување на новите правила е задолжен Board of Trustees во рамките на Фондацијата Викимедија, а се очекува тие да бидат изработени до крајот на оваа година. Се истакнува дека вознемирувањето, непристојноста и токсичкото однесување се спротивни на вредностите на Фондацијата Викимедија.
Се очекува до крајот на годинава да се донесат четири специфични директиви, како и минимален пакет стандарди на однесување што ќе овозможи санкционирање или забрани за корисниците кои не се однесуваат во согласност со утврдените мерки.
Предвидено е да се воспостави систем на модерирање и проверка во соработка со самата заедница.
Целта е да се развијат методи и алатки кои ефикасно ги отстрануваат негативностите во комуникацијата како вознемирување, токсична комуникација и нецивилизирано однесување, а од друга страна промовираат комуникација со меѓусебна почит, инклузивност, елиминирање на можноста за лажни информации и факти и ги заштитуваат сите учесници на проектот.