Познатиот холивудски актер и комичар Вил Ферел се враќа во улогата на елфот Бади од филмот Elf (2003), и тоа во новата Божиќна реклама на британскиот ланец супермаркети Asda.
Рекламата почнува со сцена во која ентузијастичниот елф влегува во супермаркет и гледа оглас за вработување. Неговиот интерес е поттикнат и елфот е веднаш пречекан од менаџерите на маркетот кои му даваат пофалба за неговото одело, по што го водат во обиколка на маркетот.
Елфот потоа се испробува во различни работни задачи: разговара со потрошувачите, реди производи, планира рекреативни активности со колегите, стои на каса – но се чини дека и покрај ентузијазмот, елфот не успева баш да се снајде.
Меѓутоа, штом падне вечер, вредниот елф го преуредува целиот маркет, украсувајќи го во Божиќниот дух. Кога следното утро менаџерите ќе видат што се случило, тие се согласуваат трајно да го вработат радосниот елф.
Новата Божиќна кампања на Asda е создадена со помош на креативната агенција Havas London.