Синоќа се одигра финалето на американската NFL лига, познато како Super Bowl, со тесна победа на Канзас Сити Чифс. Поради огромната популарност и гледаност на настанот, тој важи за најзначниот датум во американскиот огласувачки пазар, па имавме можност да гледаме еден куп забавани и хумористични реклами во кои се појавија и еден куп познати личности. Во следните денови ќе разгледаме неколку од нив.
Автомобилскиот производител General Motors и стриминг-платформата Netflix емитуваа заедничка реклама со која, од една страна, ги промовираа електричните возила на овие првите, а од друга страна – различните филмските серии на овие вторите.
Обединувачката нишка нез едноминутната реклама беше холивудскиот комичен актер Вил Ферел, кој „претрка“ низ неколку различни сцени кои алудираат на популарните филмски серии “Stranger Things”, “Bridgerton”, “Squid Game”, “Army of the Dead” и други.
Притоа, актерот или се вози или се наоѓа непосредно до електричен автомобил на General Motors, зборувајќи за нивните придобивки и упатувајќи пофалби до Netflix за нивниот труд да прикажува повеќе електрични автомобили во своите филмови.
Кампањата е создадена со помош на огласувачката агенција The Community.