Новата авионска линија ги поддржува иницијативите „Ghadan 21“ за претворање на главниот град на Обединетите Арапски Емирати во глобално атрактивна дестинација за бизнис, туризам и живеење.
Wizz Air Holdings Plc (“Wizz Air”), Wizz Air, најбрзорастечката и најзелената авиокомпанија во Европа денес објави дека го склучи конечниот договор со својот партнер Абу Даби Холдинг Компанија за развој PJSC (“ADDH”), за заедничко основање на Wizz Air Абу Даби. Нискобуџетната авиокомпанија е подготвена да ги започне своите операции на Интернационалниот Аеродром во Абу Даби во есен, 2020.
Договорот е големо достигнување во започнувањето на Wizz Air Абу Даби, новата нискобуџетна авиокомпанија на Емиратите поставена во главниот град на ОАЕ. Wizz Air Абу Даби планира да започне со работа во втората половина на годината, нудејќи ниски цени во комбинација со висококвалитетно искуство за време на летовите на низа дестинации низ Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка.
Со активностите за регрутирање на Wizz Air Абу Даби што треба да започнат во наредните месеци, договорот ќе создаде нови можности за работа, ќе ја зајакне економијата и ќе привлече повеќе посетители во Абу Даби. Објавата е исто така во согласност со „Ghadan 21“, програма од 50 милијарди AED за забрзување на Абу Даби, која го води развојот на Емиратите преку инвестирање во бизнис, иновации и луѓе.
Следствено на договорот, тимот за развој на авиокомпанијата веќе го започна процесот со Генералниот орган за цивилно воздухопловство на Обединетите Арапски Емирати за добицање на сертификат за воздухопловен оператор и лиценца за работа.
Џозеф Варади, Генерален Извршен Директор на Wizz Air Holdings, изјави: „Денес обележуваме важно достигнување во процесот на воспоставување нова авиокомпанија во Абу Даби. Договорот за заедничко вложување со Компанијата за развој на Абу Даби за формирање на Wizz Air Абу Даби ја поддржува нашата долгогодишна посветеност да донесеме економски и оперативно високо ефикасен, како и еколошки најодржлив авиобизнис модел за зајакнување на развојот на авијацијата во Абу Даби. Мисијата на Wizz Air се вклопува во диверзифицираната економска стратегија на Абу Даби со која целиме да го стимулираме сообраќајот со креирање побарувачка во корист на растечката туристичка и економска разновидност на Абу Даби. Со нетрпение очекуваме да ги поздравиме патниците во нашата млада, зелена и ултра-ефикасна флота.“
Неговото Височество Mohamed Hassan Al Suwaidi, Генерален Извршен Директор на ADDH, изјави: „Туризмот е висок приоритет во стратегијата за раст на Абу Даби. Значителна инвестиција се одвива не само на нашите аеродроми, туку и и на туристичката инфраструктура, вклучувајќи хотели, резорти и културни атракции. Минатата година, Емиратите достигнаа рекордно високо ниво од 11,35 милиони посетители и клучен двигател за тоа е конекцијата која им овозможува на луѓето лесно и достапно да го посетат Абу Даби. Нашите партнерства со Wizz Air и другите ќе помогнат во покачувањето на капиталот на Обединетите Арапски Емирати како високо конкурентна регионална и меѓународна дестинација за бизнис или рекреативни патувања. ”
Авиокомпанијата ќе се фокусира на поставување рути до пазари во кои Wizz Air има постојни операции со висок раст, имено Централна и Источна и Западна Европа.