Вчера во Скопје, Women on Boards Adria (WOBA) и Finance Talks by EoS успешно организираа конференција под наслов “Забрзана дигитална трансформација и револуцијата на вештачката интелигенција”, која обедини визионерски лидери од академската заедница, бизнисот и владата. Овој настан не претставуваше само дискусија за иднината – туку и поттик за преземање на активности за обликување на истата.
На настанот се обрати главната говорничка Алина Тимофеева, глобално признат експерт за дигитална трансформација, вештачка интелигенција и сајбер безбедност. Таа сподели непроценливи сознанија за клучната улога на жените лидери во дигитализацијата и имплементацијата на вештачката интелигенција, истакнувајќи дека “технологијата не е поврзана само со креирањето на кодови – таа постои за да ги направи луѓето помоќни.” Во своето обраќање таа ја нагласи потребата од инклузивно лидерство и стратешки дејства за искористување на потенцијалот на вештачката интелигенција и дигиталната трансформација.
Тимофеева исто така учествуваше во интерактивно интервју на сцената со министерот за дигитална трансформација на Северна Македонија, г. Стефан Андоновски. Нивната дискусија се однесуваше на клучните стратегии за напредување на технолошкиот развој на државата. Министерот Андоновски ја истакна важноста од обезбедувањо еднакви можности во дигиталната економија, изјавувајќи: “Дигиталните иновации треба да биде инклузивни и разновидни, обезбедувајќи им на граѓаните, без разлика на полот, да имаат еднаков пристап до можностите во дигиталната економија. Клучно е партнерството со бизнис лидерите, креаторите на политиката и технолошките експерти за да се поттикнат иновациите и да се создаде попаметна и поинклузивна дигитална иднина.” Тој дополнително ја нагласи трансформативната моќ на вештачката интелигенција, додавајќи: “Вештачката интелигенција носи поефикасни, потранспарентни и услуги ориентирани кон потребите на граѓаните. Во Северна Македонија, активно работиме на дигитализација на јавните услуги со цел намалување на бирократијата, подобрување на пристапноста и обезбедување на глатка интеракција помеѓу граѓаните и администрацијата.”
“Оваа конференција не е само за да дискутираме – туку за да дејствуваме”, рече Билјана Брејтвејт, претседател на Women on Boards Adria и извршен директор на Sustineri Partners. “Со талентот и експертизата која ја видовме, Северна Македонија има силна основа за успех во дигиталната иднина. Различното лидерство е клучно за технолошката револуција, а во WOBA сме посветени на поттикнување на родовата различност и економскиот раст преку силни партнерства со владите, бизнисите и невладините организации.”
„Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку неопходност за компаниите кои сакаат да останат конкурентни. Користењето на вештачка интелигенција во финансискиот сектор овозможува побрзо носење на одлуки, подобрување на корисничкото искуство и зголемување на ефикасноста. Нашата визија во ЕОС Матрикс Македонија е да ги искористиме технолошките иновации за создавање на одржливи финансиски решенија кои ќе им помогнат на компаниите и граѓаните да ја подобрат својата финансиска стабилност“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.
“Вештачката интелигенција, машинското учење, автоматизацијата – сето ова се моќни алатки, но без соодветно лидерство, можат да создадат исто толку проблеми колку што и решаваат предизвици. Лидерите на иднината ќе бидат тие што ќе знаат да комбинираат технолошка експертиза со емотивна интелигенција, инклузивност и размислување ориентирано кон иднината. Лидерството во технологијата се состои во тоа да се види потенцијалот таму каде што други гледаат проблем”, заклучи Тања Михајловска Димитриевска, Генерален амбасадор на WOBA, глобален експерт за менаџмент на промени, трансформации и внатрешна ревизија во инвестициска банка во Обединетото Кралство.
Конференцијата исто така вклучуваше подлабоки панел дискусии кои дадоа сеопфатен преглед на дигиталната иднина во Северна Македонија и регионот. Првиот панел, “Дигитална трансформација”, ги обедини експертите од јавниот и приватниот сектор за да дискутираат за важноста на соработката меѓу индустријата, академијата и политичарите. Панелистите, вклучувајќи го д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ, Нина Ангеловска, претседател на Македонската асоцијација за е-трговија, Катерина Јанковиќ, член на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје и Татјана Бошевска, директор на HSO Global Services, споделија свои видувања за тоа како да се поттикне дигиталниот напредок и да се создаде иновативна екосредина.
Вториот панел, “Лидерство во технолошко опкружување”, беше фокусиран на улогата на лидерството во развиената дигитална економија и потребата од стратешка визија за поттикнување на иновациите. Дискусијата, водена од Тања Михајловска Димитриевска, Генерален амбасадор на WOBA, вклучуваше дискусија од лидери како д-р. Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Group во Македонија и Косово, Нина Неданоска, потпретседател на Управниот Одбор во Шпаркасе Банка АД Скопје, д-р. Орце Симов, подпретседател на Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Билјана Мишиќ, извршен директор на Iute Македонија. Размената на нивни мислења ја истакна важноста од родова различност во лидерството и потребата од колективен ангажман за позиционирање на Северна Македонија како регионален технолошки центар.
Како што регионот продолжува по својот пат на дигитална трансформација, настани како овој служат како моќен катализатор, обезбедувајќи дека напредокот се води од експертиза, инклузивност и смело лидерство.