Coca-Cola ја избра агенциската мрежа WPP како главен партнер за реализација на своите маркетиншки активности.
Од WPP ќе бидат задолжени за реализација на најголемиот дел од новиот маркетинг буџет на Coca-Cola кој се проценува на околу 4 милијарди долари, што го прави најголем во историјата на компанијата.
За таа цел е формиран нов специјален оддел во рамки на групацијата на WPP, наречен OpenX, кој ќе биде посветен исклучиво на маркетиншките потреби на Coca-Cola.
Тимот ќе менаџира со сите креативни, медиски, податочни и маркетиншки технологии низ целото портфолио на брендови под капата на Coca-Cola, вклучувајќи ги и Costa и Innocent.
Според компанијата, договорот стапува на сила и отпочнува со својата реализација веднаш.
Агенциската мрежа Dentsu беше именувана за „комплементарен медиски партнер“ на Coca-Cola, при што ќе биде задолжена за неколку поедини географски региони, веројатно Јапонија и Кореа.