WPP холдингот во чиј состав функционираат Ogilvy, GroupM, Grey и повеќе други други адвертајзинг, ПР, медиа и истражувачки агенции објави широк спектар на мерки за намалување на трошоците и заштеда на пари за да се заштити профитабилноста и да се зачуваат работните места како дел од стратегијата за справување со сериозниот финансиски импакт од кризата предизвикана од „Ковид-19“.
Мерките вклучуваат замрзнување за нови вработувања, ревизија на хонорарните трошоци за фриленсери, одложување на планираните зголемувања на платите за 2020 година и запирање на дискреционите трошоци. Вториот сет вклучува намалување на патните трошоци и трошоците за учество на наградни фестивали.
Покрај тоа, извршниот комитет на WPP и членовите на бордот се согласија на 20% намалување на нивните плати или хонорари најмалку во наредните три месеци. Компанијата соопшти дека ќе разгледува дополнителни мерки во наредните недели и месеци, но очекува дека потезите наведени ќе заштедат помеѓу 700 милиони и 800 милиони фунти во 2020 година.
Со оглед на новата финансиска ситуација, одборот на WPP исто така, одлучи веднаш да ја прекине програмата за откуп на акции од 950 милиони фунти, која беше финансирана од приходите од продажбата на Кантар. Одборот исто така ја суспендираше својата планирана одлука за распределба на дивиденда за 2019 година на акционерите од 37,3 фунти по акција, што требаше да биде предложено на годишниот генерален состанок во јуни. Заедно, овие две мерки ќе заштедат приближно 1,1 милијарди фунти.
Бидејќи целокупниот импакт од „Ковид-19“ е сè уште неизвесен, WPP им се придружи на „Publicis Group“ и „Interpublic“ во повлекувањето на финансиските насоки за оваа година.
Ажурирањето на тргување во првиот квартал на компанијата ќе биде објавено на 29 април.