Технолошкиот гигант Adobe соопшти дека ќе го подели својот глобален медиски договор вреден над 500 милиони долари помеѓу агенциите Wavemaker на WPP и Publicis Media на Publicis Groupe.
Агенцијата Wavemaker која е дел од мрежата GroupM на WPP ќе продолжи да го опслужува Adobe на пазарите во САД, Канада и Латинска Америка. Притоа, агенцијата ќе добие проширување на своите надлежности на овие пазари. Се проценува дека добиениот медиски договор за опслужување на Adobe на американските пазари изнесува околу 250 милиони долари.
Дополнително, мрежата на WPP ќе добие надлежност врз три глобални деловни линии на Adobe, чија вредност се проценува на околу 100 милиони долари.
Од друга страна, Publicis Media ќе биде задолжена за опслужување на Adobe на сите останати маѓународни пазари, вклучувајќи ги Европа, Блискиот Исток, Африка, Источна Азија и Океанија. Интернационалниот медиски договор на Adobe добиен од Publicis се проценува на речеси 300 милиони долари.