Маркетинг групацијата WPP го најави лансирањето на глобално стратешко партнерство со платформата за онлајн трговија Shopify.
Ова партнерство ги здружува компаниите за заеднички да развиваат производи со споделен увид и ја поврзува мрежата на WPP од преку 13.500 маркетиншки експерти со платформата за е-трговија на Shopify, сѐ со цел да им помогне на амбициозните брендови да се развијат побрзо и да допрат до повеќе клиенти.
Во услови на нови очекувања од потрошувачите, постојано еволуирачките трговски иновации и променливиот економски пејзаж, сега е поважно од кога било брендовите да допрат до потрошувачите на директен начин преку сите платформи, без разлика дали е тоа онлајн, во продавницата или на социјалните мрежи. Ова е особено важно за претприемачките брендови кои откриваат дека старата трговска инфраструктура не е доволно флексибилна за да одговори на променливото однесување на потрошувачите. Преку ова партнерство, клиентите на WPP ќе добијат нови можности за раст и развој на платформата на Shopify, носејќи им го на светските брендови најдоброто од експертизата за директен досег до потрошувачите и конверзија што го нуди Shopify.
Како дел од партнерството, Shopify ќе соработува со WPP за развој на производи со цел да изгради таргетирани решенија низ различните сектори, вклучувајќи ги производите за широка потрошувачка, модата и прозводите за здравје и благосостојба. Заедно, компаниите ќе воведат глобално приспособени патеки за обука и сертификација за вработените во WPP, создавајќи 300 сертифицирани специјалисти за Shopify низ глобалната мрежа на WPP во првата година од партнерството.
Партнерството ги одразува тековните заложби на WPP за инвестирање во својата комерцијална понуда и се надоврзува на стекнувањето на специјализираната агенција за е-трговија Diff во 2022 година. Сега дел од глобалната мрежа Wunderman Thompson, Diff соработува со Shopify повеќе од 10 години за да ги создаде некои од најиновативните и најефективни продавници на платформата Shopify. Благодарение на новото партнерството, WPP и Diff исто така ќе учествуваат во програмата Operation Hope на Shopify, која има за цел да поттикне, развива и достигне до бројка од еден милион бизниси во сопственост на Афроамериканци во САД до 2030 година.
Shopify неодамна беше препознаен како лидер во „Магичниот квадрант“ на Gartner за 2023 година во полето на дигиталната трговија, како значаен истражувачки ресурс за носителите на одлуки во претприемничката трговија, при што платформата за е-трговија беше оценета највисоко во однос на својата исполнителност.
„Трговскиот сектор забележа неверојатна експлозија на раст во последните неколку години, поради што Shopify е природен партнер за нашите клиенти со оглед на нивниот кредибилитет и брзината со која тие иновираат. Додека WPP продолжува да ги зголемува и зајакнува нашите трговски понуди и експертиза, убеден сум дека ова партнерство ќе доведе до повеќе можности за раст на брендовите со кои соработуваме“ – истакнува Марк Рид, извршен директор на WPP.
„Веќе две децении, го усовршуваме Shopify за да им овозможиме на водечките претприемачки брендови директно да допрат до своите потрошувачи и да го забрзаат нивниот деловен развој на глобално ниво. Возбудени сме што ќе отклучиме уште повеќе можности за иновации во глобалната трговија и ќе им помогнеме на повеќе брендови да ги заштитат своите бизниси во иднина преку партнерство со WPP и нивните клиенти од светска класа“ – посочува Харли Финкелштајн, претседател на Shopify.