На годишната конференција за компјутерска графика SIGGRAPH, британската маркетинг групација WPP ја откри следната фаза во своето партнерство со NVIDIA – користење на нови микросервиси NVIDIA NIM за генеративни модели со вештачка интелигенција за универзален опис на сцени (Universal Scene Description – OpenUSD), изградени на платформата NVIDIA Omniverse, со цел создавање на генеративни тридимензионални пејзажи и светови.
WPP е првата компанија која ги тестира и користи новите NVIDIA NIM микросервиси за универзален опис на сцени (OpenUSD). Компанијата, исто така, ќе соработува со Shutterstock за да ја забрза изградбата на 3D светови кои содржат производи во согласност со стандардите на одреден бренд, со помош на генеративна вештачка интелигенција напојувана од микросервисите NVIDIA NIM.
WPP продолжува во поместувањето на границите на креативноста преку употреба на вештачката интелигенција. Како дел од партнерството склучено минатата година, WPP соработуваше со NVIDIA за да развие иновации за вештачка интелигенција кои можат да се применуваат во маркетингот и продукцијата на содржини и да се применуваат во создавањето и имплементацијата на кампањи за клиентите. Конкретно, одделот Creative Technology Apprentices на WPP – група технолошки креативци од следната генерација обучени од страна на WPP и нејзината продукциска компанија Hogarth – беа интегрален дел на тестирањето и еволуцијата на новите технологии на NVIDIA.
Новите микросервиси на NVIDIA (USD Search NIM и USD Code NIM) им овозможуваат на креативните тимови да ги надградуваат веќе постоечките визуелни содржини на WPP, или да ја пребаруваат библиотеката на Shutterstock со речиси 1,3 милиони тридимензионални објекти. Микросервисот USD Search NIM се користи за истражување на визуелната архива, додека микросервисот USD Code NIM помага во изградбата на виртуелни средини објект по објект, да се преместуваат објекти наоколу по команда и да се комбинираат објекти во сцени.
Креативните тимови на WPP се способни да скратат повеќе слоеви на продукцискиот процес, овозможувајќи ја изградбата на тридимензионални светови во обем и нивно приспособување во културно релевантни кампањи или кампањи специфични за одредена публиката кои можат да се користат на локалните пазари. Новите генеративни алатки им се достапни на илјадниците продукциски експерти на WPP ширум светот преку неодамна лансираното „Продукциско Студио“ интегрирано во рамки интелигентниот маркетинг оперативен систем WPP Open, или преку засебни решенија за индивидуални клиенти.
Компанијата Coca-Cola ќе биде еден од првите клиенти на WPP што ќе започне да ги применува можностите за генеративни тридимензионални содржини на своите 100 пазари ширум светот, работејќи со својот посветен маркетинг тим WPP Open X за да ја прошири употребата на Prod X, специјализирано продукциско студио од WPP, во нивните маркетинг операции. WPP, исто така, оствари соработка со Ford за да изгради физички прецизни дигитални близнаци од нивните возила за создавање автомобилски конфигуратори во реално време што клиентите можат да ги истражуваат и да ги приспособат според своите потреби, генерирајќи побарувачка за нови автомобили пред тие воопшто да излезат на производната линија.
„Еволуцијата на нашата соработка со NVIDIA нагласува како WPP иновира за да предводи во сферата на вештачката интелигенција во корист на нашите клиенти. Со ран пристап до најновите технологии преку нашиот интелигентен маркетинг оперативен систем WPP Open, можеме да ја надоградуваме нашата библиотека од тридимензионални модели за да конструираме нови дигитални светови во обем и да создаваме кампањи во согласност со брендовите, кои што ќе може да се прилагодуваат за да резонираат со повеќе видови на публика“ – истакнува Стефан Преториус, генерален технолошки директор во WPP.
„Со усвојување на новите микросервиси на NVIDIA, USD Search и USD Code NIM, креативните тимови на WPP можат да создадат значително поразновидни, високоверни и физички прецизни тридимензионални виртуелни средини и да испорачаат поиновативни и ефективни маркетинг содржини за своите клиенти“ – додава Рев Лебаредијан, потпретседател за омниверзум и технологија за симулација во NVIDIA.