Британската холдинг-компанија WPP ја купи консултантската компанија за е-трговија Newcraft од Амстердам, Холандија.
Ова претставува најновиот потег на WPP за зајакнување на својот бизнис во сферата на е-трговијата, по купувањето на Corebiz од Сао Паоло во јули и лансирањето на консултантска компанија Everymile во април.
Newcraft се брендира себе како „агенција за дигитално забрзување“, специјализирана за работа со веќе добро етаблирани компании. Со седиште меѓу Амстердам и Брисел, компанијата е основана во 2007 година и има над 170 вработени.
По аквицизијата од WPP, Newcraft ќе биде инкорпорирана во Wunderman Thompson и ќе биде дел од северноевропскиот трговски тим на таа мрежа.
Заедно со корисничкото искуство и технолошките услуги, е-трговијата сочинувала 39% од вкупните нето приходи на сите дигиталните и креативни агенции во фамилијата на WPP во првата половина на 2022 година. Од групацијата очекуваат дека со купувањето на Newcraft тој процент ќе продолжи да расте.