Холдинг компанијата WPP ги објави своите планови за затворање или спојување на речиси 200 канцеларии во целиот свет, што ќе значи гаснење на 3.500 работни места во процесот на преструктуирање на компанијата, која вработува околу 140.000 луѓе. Од друга страна, WPP објави дека повторно ќе се фокусира на своите корени, креативност и ќе вработи 1000 креативци.
Реструктуирањето, предводено од новиот извршен директор Марк Рид, исто така, ќе донесе и нов визуелен идентитет и ребрендирање под водство на Џим Приор, директор на агенцијата Superunion, која беше формирана по спојувањето на петте топ агенции на WPP оваа година, како и директорот Ланда Џејн Герати.
Новиот изглед, според компанијата, е креиран на начин да функционира во различни средини и со различни палети на бои, со цел да се покаже дека агенциската мрежа може да се прилагоди на предизвиците на клиентите и индустријата.
Новиот идентитет го следи и нова веб-страница која првенствено има за цел да ја стави дигиталната експертиза на групацијата и да понуди навестување за тоа што може да им се обезбеди на клиентите. Во рамките на овај редизајн, WPP се опишува како компанија за “креативна трансформација”.