Агенциската групација WPP го соопшти назначувањето на Линдзи Патисон за „глобален генерален директор за луѓе“, со одговорност за стратегијата и операциите на компанијата во однос на човечките ресурси.
Линдзи ја наследува Џенифер Ремлинг, која заминува за да стане генерален директор за луѓе во Warner Bros. Discovery. Линдзи во моментов е глобален генерален директор за клиенти на WPP, водејќи ги односите на WPP со нивните главни клиенти од 2018 година. Претходно, таа извршуваше голем број лидерски улоги во WPP, GroupM и медиската агенција Maxus.
Линдзи е страстен промотор на таленти во текот на нејзината кариера и ќе ја пренесе оваа страст и нејзиното деловно искуство со клиентите во улогата на глобален директор за човечки ресурси. Таа е посветена на развивање на најдобрите таленти и преземање активности за унапредување на диверзитетот на највисоките нивоа на деловното работење, со особено силни резултати во имплементацијата на иницијативи за унапредување на родовиот диверзитет. Како извршен директор на Maxus, таа ја започна иницијативата “Walk The Talk”, наменета да им помогне на постарите жени да го достигнат својот целосен потенцијал. Oткако се пресели на нејзината сегашна позиција, таа ја прошири иницијативата на глобално ниво за WPP, а досега во неа учествувале повеќе од 3.000 жени-лидери ширум светот.
Таа исто така имаше важна улога во Советот за диверзитет и инклузија на WPP, ја промовираше програмата Elevate за женски таленти од црната раса, а како поранешен претседател на WACL (Жени на лидерски позиции во огласувањето и комуникациите) менторираше таленти во раната фаза на нивната кариера во индустријата.
Линдзи е независен неизвршен директор на Светското првенство во рагби (Англија 2025), кој ќе го организира Светското пренство во рагби за жени во 2025 година. Таа исто така е член на бордот и претседава со комитетот за компензација при Waldencast – глобална компанија за убавина и добросостојба која е вклучена во листата на NASDAQ; членува во советодавниот одбор на Planet First Partners, фонд фокусиран на одржливи производи и услуги; членува во глобалниот совет за клиенти на Meta; и во советодавниот одбор на Effie за Обединетото Кралство, фокусирани на поттикнувањето на ефективноста во маркетингот. Линдзи служеше два мандати во Советот за глобална агенда на WEF за иднината на медиумите, вклучително и две години како копретседавач.
„Линдзи е исклучително високо ценета во индустријата како лидер кој може да идентификува и развие врвни таленти и како доверлив партнер на глобалните клиенти. Таа има длабоко разбирање за нашиот бизнис, луѓе и култура, а нејзиниот силен комерцијален фокус ќе помогне да се поттикне нашата идна стратегија за луѓе“ – посочува Марк Рид, генерален извршен директор на WPP.
„Нашиот бизнис и нашите клиенти успеваат кога го имаме најдобриот, најмотивираниот талент. Нашите највредни средства се нашите луѓе, а создавањето култура и средина каде што тие можат да ја вршат работата на својот живот е она што ме возбудува во оваа нова улога и она што ќе донесе резултати за нашите клиенти“ – истакнува Линдзи Патисон, новата директорка за човечки ресурси на WPP.