Маркетинг групацијата WPP го претстави својот најнов кампус во Брисел, како современ креативен центар во кој ќе работат околу 600 луѓе и девет агенции под капата на WPP во Белгија. Новиот инспиративен простор е дизајниран да ја поттикнува креативноста и соработката, давајќи им на глобалните и белгиските клиенти пристап до талентот на WPP на една локација.
Сместен веднаш до бриселската ботаничка градина и културниот центар Le Botanique, кампусот служи како дестинација во градот, окупирајќи го поранешното седиште на IBM, кое го дели со хотелот Hoxton. Зачувани се 22-те ката и препознатливите архитектонски елементи на зградата, дополнети со современа фасада. Во согласност со одржливите заложби на WPP, структурата вклучува повторно употребени градежни материјали и циркуларен дизајн.
Целиот дванаесетти кат е посветен на поттикнување на соработката, со отворен план со простори за состаноци и настани кои нудат панорамски поглед на Ботаничката градини и хоризонтот на градот. Дополнителни капацитети за соработка и иновации вклучуваат TokLab од Ogilvy.SocialLab, лансирана во 2022 година за да им помогне на брендовите да го оптимизираат своето присуство во TikTok, како и специјализирано фотографско студио и простории за аудио снимање. Агенцијата “BDG architecture + design” на WPP беше задолжена за дизајнот на внатрешните простори, што ја одразува посветеноста на компанијата за негување на креативноста и поддршка на одговорноста за животната средина во новиот кампус.
Соединувајќи ги агенциските способности и креативниот талент, кампусот промовира инклузивна и разнолика култура преку различни иницијативи. Заградата ќе функционира како централна фокусна точка на групите за човечки ресурси на WPP кои ја потткнуваат разноликоста, правичноста и инклузивноста, нагласувајќи ја посветеноста на компанијата да биде работодавач за сите и привлекување на креативниот талент во Белгија.
„Отворањето на нашиот нов кампус во Брисел ја покажува нашата посветеност да поттикнуваме уште поголема креативност, соработка и иновации во корист на нашите клиенти. Со обединување на нашите талентирани тимови под еден покрив, ние создаваме средина која негува идеи и поттикнува одржлив раст за меѓународните и белгиските бизниси“ – истакнува Марк Рид, извршен директор на WPP.
Покрај кампусот во Брисел, WPP неодамна отвори нови кампуси во Париз, Манчестер, Гуангжу и Торонто.