„Добрите утра создаваат уште подобри денови“ е насловот на новата кампања од американскиот бренд на фармерки Wrangler, која воедно служи како „љубовно писмо“ до културата на руралниот американски запад.
Рекламата следи модерен каубој кој ги поздравува гостите на мал локален ресторан додека појадуваат и ги пијат своите утринските кафиња, проследено со оптимистичкиот дух на песната „Jeans On“ од Дејвид Дундас.
Кампањата е целосно осмислена и продуцирана од внатрешниот креативен тим на компанијата, предводени од визијата на режисерот Џејк Скот.
„Ова е искрен омаж кон американскиот запад, љубовно писмо до неговиот народ и прослава на иконичните фрамерки што тој го има инспирирано. Последните 15 години ги поминав работејќи на мојот ранч во пустината, а Wrangler беше постојан дел од мојата гардероба. Брендот за мене означува дел од духот на самодоверба и независност, така што себе си се гледам во овие ликови од рекламата“ – посочува Џејк Скот, кој има режирано филмови и музички спотови за бројни познати артисти, вклучувајќи ги REM и Radiohead.