Руски медиумски конгломерат објави платформа за споделување видеа слична на TikTok.
Како дел од кампањата за намалување на влијанието на странските сајтови и напредните технологии, водечки руски медиумски конгломерат објави ривал за популарната платформа за споделување кратки видеа TikTok.
„Газпром медиа“ неодамна лансираше услуга наречена „Yappy“. Апликацијата е достапна и за Apple и за Android уредите, преку соодветните продавници.
Yappy е развиена со поддршка на Фондацијата Innopraktika, со бета тестирање започнато во септември и ран пристап за 300 блогери пред објавувањето.
Услугата има голем број функции кои се слични на она што го нуди TikTok и се заснова на споделување вертикални видео клипови кои траат до 60 секунди.
Русија претходно објави дека планира да создаде сопствена алтернатива на TikTok.
Причината е што апликацијата, заедно со некои други ИТ гиганти од САД, беа нападнати поради нејзиното одбивање да ги отстрани објавите против руските власти.
TikTok е една од петте најпопуларни апликации во Русија, со повеќе од 40 милиони корисници на месечна основа. Најпопуларна е VKontakte – руска алтернатива на Facebook – со 70 милиони активни корисници месечно.