Истражувањето спроведено од истражувачкиот центар Pew Research Center во САД покажува дека YouTube и Facebook се најдоминантни социјални мрежи во САД. Сепак, истото истражување посочува дека Facebook го достигнал својот максимум и дека веќе пет години е во стагнација во однос на бројот на корисници.
YouTube е во постојан пораст и со 73% од возрасните испитаници кои го користеле во 2019 година, оваа година достигна процент од 81% на употреба меѓу нив. Во последните две години Facebook остана на истиот број (69%), но сепак го држи сигурно второто место.
Единствената платформа што има статистички значаен раст од 2019 година, покрај YouTube, е Reddit. Од 11% во 2019 година се искачи на 18% во 2021 година. Сите други мрежи, како Facebook, се во релативно стабилна состојба на употреба веќе неколку години.
Сепак, ова не значи дека овие мрежи се помалку користени. Напротив, 49% од корисниците на Facebook, изјавиле дека пристапуваат на оваа мрежа повеќе пати во текот на денот. Слично е и со Snapchat, каде 45% од корисниците на овај сервис пристапуваат неколку пати на ден, како и со Instagram (38%од корисниците). Приближно една третина од корисниците на YouTube ја користат оваа платформа повеќе од еднаш дневно.
Вкупно 21% од Американците користат TikTok, но кај помладите корисници, на возраст меѓу 18 и 29 години, тој број е значително поголем (48%). Во таа возрасна група, сепак, YouTube е најзастапен и го користат дури 95% од младите корисници. На второ место кај младите е Instagram (71%), на трето место е Facebook (70%), додека четврто е Snapchat (65%).
Иако ова истражување е спроведено само на американско тло, веруваме дека состојбата е слична и во остатокот од светот.