Славни личности кои прават селфија претставува своевиден заштитен знак на модерното време во областа на забавата. На крај дури и ‘силата’ (‘The Force’) беше немоќна да го запри тоа.
Рекламата на Turkish Airlines “Kobe vs. Messi: The Selfie Shootout” од 2013 година се издвои од останатите во трката благодарение на гласовите од гледачите и крунисана е како реклама на деценијата од страна на YouTube, во склоп на прославата на нивниот 10 роденден. Второпласирана е рекламата на Volkswagen од Супер Бол-от во 2011, “The Force”, со малиот Дарт Вејдер кој се обидува да контролира Passat само со силата на својата волја.
P&G Always, Volvo Trucks и Dove го сочинуваат остатокот од топ 5 листата, откако корисниците на YouTube ги избраат меѓу 20 култни реклами поставени на овој сајт од 2005 година. Напреварувањето беше одржано во партнерство со Webby Awards.
Благо налудничавата реклама на Turkish Airlines, во која Коби Брајант и Лионел Меси водат епска битка за најдобро селфи (која е продолжение на еден сличен спот од 2012) не беше толку фален од страна на критичарите како останатите реклами во топ 5 (останатите четири победници освојувале некои од најголемите награди). Но, со 140 милиони прегледи до денес, далеку е пред конкуренцијата во смисла на домет.
Погледнете ги рекламите од Топ 5 листата:
5. Dove – “Real Beauty Sketches”
Агенција: Ogilvy Brazil, PHD, Mindshare
Година: 2013
Прегледи: 65 милиони
4. Volvo Trucks – “The Epic Split feat. Van Damme”
Агенција: Forsman & Bodenfors
Година: 2013
Прегледи: 79 милиони
3. Always – “#LikeAGirl”
Агенција: Leo Burnett, Starcom MediaVest Group
Година: 2014
Прегледи: 57 милиони
2. Volkswagen – “The Force”
Агенција: Deutsch LA, MediaCom
Година: 2011
Прегледи: 62 милиони
1. Turkish Airlines – “Kobe vs. Messi: The Selfie Shootout”
Агенција: Crispin Porter + Bogusky and Starcom
Година: 2013
Пргледи: 140 милиони