YouTube, на своите највлијателните креатори на содржини започна да им плаќа за промовирање на новите опции, како што се оние кои му овозможуваат да се натпреварува со платформите како Twitch и Mixer, а износите наменети за тоа не се занемарливи.
Имено, влијателните креатори неодамна го изразија своето незадоволство поради ограничените начини на кои тие можат да заработат преку платформата на која и` донесуваат голем број на корисници и истакнаа дека рекламите не се доволни, па лесно би можеле да се изгубат во содржината што ја креираат. Од друга страна, платформите како што се Фејсбук и Инстаграм, веќе со години се обидуваат да преземат некои од најголемите имиња на YouTube и дека парите се единствениот начин да се задржат и дополнително да се мотивираат влијателните креатори.
Така, YouTube неодамна додаде уште неколку начини на кои креаторите на содржини може да заработуваат, како што е т.н. „merch“ програма, во која корисниците можат да платат со цел своите коментари да ги прикачат на врвот на live chat-от во контекст на некоја содржина, како и споменатото плаќање за промоција новите опции.