Новиот праг овозможува доволна количина на информации да се процени валидноста на каналот, тврдат од компанијата
Почнувајќи од овај викенд, YouTube ги блокира огласите на каналите на YouTube Partner program кои не достигнале најмалку 10 000 прегледи.
YouTube во најавата на овај чекор обаснуваат дека новиот праг и` овозможува на платформата доволно информации за да се утврди валидноста на каналот. Тоа исто така ќе овозможи YouTube да утврди дали каналот ги следи нивните насоки и политики за огласувачите и на заедницата.
„Со поставувањето на праг од 10 000 прегледи, ние исто така обезбедуваме минимално влијание на нашите амбициозни креатори на содржина. Секако, било какви приходи остварени на каналите со помалку од 10 000 преглади до денес нема да бидат погодени“, изјави Ariel Bardin, потпретседател за управување со производи.
За неколку седмици, YouTube ќе додаде процес за ревизија на новите креатори на содржини кои се пријавуваат за Partner program.
Кога креаторот на содржина достигне бројка од 10 000 прегледи на својот канал, YouTube ќе ги прегледа активностите на креаторот и ќе провери дали се во склад со политиката на компанијата. Само доколку каналот ја помине оваа проверка, YouTube ќе почне да поставува реклами покрај неговата содржина.
Овие потези се дел од серијата обиди на YouTube да ги придобие назад брендовите кои го прекинаа огласувањето на оваа платформа, после веста дека огласите се поставувани покрај екстремистички видеа на YouTube.